Македонија
Ковачевски за влезот на Беса во Владата: Вратата е отворена за сите, такви разговори во моментот нема
По влезот на Алијансата за Албанците во Владата и можноста со себе во владејачкото мнозинство да го повлечат и стариот коалициски партнер Беса, премиерот Димитар Ковачевски вели дека вратата е отворена за сите партии што го поддржуваат европскиот пат на земјата.
Иако министерските места се пополнети, премиерот Ковачевски вели дека сите партии имаат можност на разни нивоа и функции да учествуваат во власта.
„Такви разговори нема во моментот, меѓутоа јас и во моето експозе при изборот на министри и заменици во реконструкцијата, која заврши вчера, кажав дека оваа Влада останува отворена за сите политички партии, поединци и организации што сакаат да му се приклучат на европскиот сојуз, кои сакаат да учествуваат во носењето одлуки за побрзо зачленување на државата во Европската Унија и кои ќе значат побрзо и поефикасно носење на реформските закони за сите значајни области од владеењето на правото, економските мерки и така натаму во Собранието. Доколку која било партија оцени, врз основа на своите програмски определби, врз основа на својата визија, врз основа на своите одлуки дека сака да биде дел од оваа Влада, тогаш вратата е отворена. И сега во Владата има владини партнери што немаат министерски места, но се дел од владиното мнозинство. Тие во согласност со своите кадровски потенцијали, во согласност со својата определба учествуваат во партиципирањето на власта на разни нивоа и преку разни функции таму каде што сметаат дека најмногу и најдобро може да ги искористат и кадрите со кои располагаат, но и програмите што ги застапуваат“, рече премиерот Ковачевски.
Тој уште еднаш повтори дека има партии што декларативно се за европскиот пат на државата, но не гласале ниту една одлука.
„Она што мене најмногу ме загрижува и искрено кажано како граѓанин најмногу ме погоди е што при гласањето на ратификацијата на договорот за Фронтекс, каде што првпат македонскиот јазик стои заедно со сите други јазици на ЕУ на еден договор, не се случило претходно. На таа ратификација пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не најдоа за потребно ниту да влезат во салата за време на гласањето“, вели премиерот Ковачевски.
Поширока владина коалиција за него значи разноликост во програмите и можност секоја од партиите да се докаже во областите за кои смета дека има соодветен кадар.
Партијата Беса, пет дена пред вториот круг од локалните избори во 2021 година, коалира со Алијансата за Албанците, која сега е дел од Владата на Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

