Македонија
Ковачевски за ВМРО-ДПМНЕ: Тие се за шетање во Македонија со блузончиња на патентчиња, бели капути, трубачи

Ниту се шири руско ниту какво било друго влијание, изјави премиерот Димитар Ковачевски прашан како ги коментира изјавите од опозицијата, кои велат дека преку надзорни компании на изградбата на коридорите 8 и 10 се шири руско и кинеско влијание во земјата.
„Во јануари велеа дека имаат 61 пратеник, со кои оваа Влада нема да ја има. Велеа дека ќе имало избори во мај кога ќе завршела енергетската криза. Тие не се за работа, тие се за давање изјави и шетање во Македонија со блузончиња на патентчиња, бели капути, трубачи. Кога сфатија дека владиното мнозинство е зголемено на 65 пратеници и видоа дека e почнат најголем инвестициски проект од 1,3 милијарда евра, сега почнаа со нивните изјави, кои ги гледаме веќе две и пол години. Ова не чинело, она не чинело. Ниту се шири руско ниту какво било друго влијание“, рече Ковачевски.
Според него, изјавите на опозицијата немаат реална основа и се дадени во очај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето во наредните денови: променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје: со метален капак од шахта повеќе пати го удирал оштетениот во глава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Ноќеска по полноќ на улицата „Метрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, во близина на Клубот на пратеници, со умисла се обидел да лиши од живот друг турски државјанин. По претходна вербална расправија, тие почнале физички да се пресметуваат и си разменувале удари од кои оштетениот паднал повреден на земја.
Во тој момент осомничениот зел метален капак од шахта со кој повеќе пати го удирал оштетениот во главата. Додека оштетениот лежел на земјата во бесознание, осомничениот продолжил да го удира со нозе по главата и телото. Дури и кога на местото пристигнале полициски службеници, тој одбивал да престане со ударите додека не го совладале, со што на оштетениот нанел тешки телесни повреди поради кои во животозагрозувачка состојба тој бил хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот кој немал пријавено престојувалиште во земјава, можност да влијае на сведоци во постапката или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Македонија
СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

„Големиот корупциски скандал ја разоткри вистината, Максим Димитриевски ја злоупотреби ЗНАМ за свои бизнис зделки. Истиот човек кој гласно обвинуваше за криминал и ја обележуваше ДУИ како најголем проблем е фатен како соработува токму со нив – во криминал“, велат од СДСМ.
„ЗНАМ никогаш не беше автентична политичка понуда. Таа постои за две цели: да биде продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и да му служи на Димитриевски како алатка за остварување а неговите бизнис интереси.
Граѓаните и членовите на ЗНАМ сега со право се чувствуваат изневерени и оттука е големата нервоза кај Димитриевски.
Наместо прозивки за СДСМ, после корупцискиот скандал Димитриевски нека се подготви за соочување со одговорноста пред истражните и судски органи.
Што се однесува до враќањето на членовите на ЗНАМ во СДСМ, тоа е веќе започнато.
Прогрес на македонската политичка сцена и вистински напредок на државата ќе има само кога од македонската политика ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја сфакаат и користат само за да украдат макар и еден пар чизми“, соопшти СДСМ.