Македонија
Ковачевски за смртта на Јана: Да ги почекаме извештаите за да се утврди што се случило во битолската болница
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека треба да се почекаат извештаите за да се утврди причината за смртта на шестгодишната Јана во битолската болница.
Ковачевски истакна дека Обвинителството е информирано и извештаите на Државниот здравствен и санитарен инспекторот се доставени до Министерството за здравство.
„Врз основа на нив ќе се утврди точната причина за она што се случило. Јас не би можел да прејудицирам што точно се случило бидејќи, пред сè, не сум медицинско лице. Меѓутоа, врз основа на сите факти, ќе бидат носени одлуки во иднина, но првин да почекаме да бидат споделени фактите за она што точно се случило во битолската болница“, рече Ковачевски.
Премиерот смета дека здравствениот систем е функционален, има голем број вработени и се обезбедени финансиски средства на ниво од 0,8 милијарди евра во буџетот за 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

