Македонија
Ковачевски за средбите во САД: Добивме силна поддршка за европскиот пат
Средбите кои ги имав во САД со високите државни претставници, со Државниот Секретар Блинкен и Ескобар беа многу успешни и плодни, од САД добивме силна поддршка за европскиот пат на Северна Македонија, рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќање на седницата на Централниот одбор на партијата што се одржа вечерва.
„САД се покрај нас од самиот почеток и таа помош не доаѓаше само декларативно туку беше целосна помош, многу финансии, многу средства ивестирани во реформи во многу области во земјата, од судски реформи, безбедносни реформи, во економијата, полицијата итн. Се до денеска кога гледаме еден вид промовирање на Македонија како своевиден пример на земја која што може да послужи за другите земји во регионот. Што ние и го докажавме“, рече Ковачевски.
Премиерот кажа дека генерално, и Македонија и САД сметаат дека е многу важно што нашата држава е првата земја од Западниот Балкан што го започна Стратешкиот дијалог со САД. Ова е одредница во нашите билатерални односи и одличен чекор напред за иднината на оваа земја, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

