Македонија
Ковачевски за трагично загинатата Вања: За вакво грозоморно злосторство следуваат највисоки казни
Премиерот Димитар Ковачевски изрази сочувство до семејството, роднините и пријателите и до соучениците на 14-годишната Вања.
„Огромна е тагата што ја чувствуваме по загубата на овој млад живот“, рече Ковачевски во врска со случајот на трагично загинатата Вања Ѓорчевска.
Ковачевски им се заблагодари на надлежните институции и додаде дека и МВР и Јавното обвинителство работеле интензивно и целосно го расветлиле случајот и ги пронашле сторителите на ова, како што го нарече, грозоморно злосторство.
„Очекувам во најкраток можен рок сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат најстрога одговорност. Ова е исклучително тежок ден, затоа апелирам да се следат информациите исклучиво од надлежните институции, кои навремено и по протокол споделуваат максимално можно, со цел да се избегнат шпекулациите и да не ѝ се наштети на истрагата“, истакна Ковачевски.
На прашањето зошто нема институционална одговорност по она што во последно време се случува во државата, Ковачевски повтори дека надлежните институции на најпрофесионален начин и одговорно успеале да ги идентификуваат сторителите и дека тие ќе бидат изведени пред правдата.
„За вакво грозоморно дело и злосторство следуваат највисоки казни. Криминалот има име и презиме. Обврска на истражните и на правосудните органи е да се справуваат со вакви криминалци“, додаде премиерот.
Според него, начинот на кој надлежните го објаснија целиот случај во врска со двојните убиства со сите детали експлицитно покажува, како што рече, дека станува збор за изолиран случај на злосторници и криминалци, кои треба најжестоко да бидат казнети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

