Македонија
Ковачевски избран за мандатар на идната влада
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, соопшти дека на вечерашниот Централен одбор на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната влада.
„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната влада! Тоа е предизвик што сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата“, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.
Седницата на Централниот одбор вечерва продолжува со избор на ново раководство, како и нови членови на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ.
„СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување нови луѓе, кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, напиша Ковачевски.
Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска поднесе оставка од позицијата потпретседател на СДСМ, исто како и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.
Ковачевски пред почетокот на седницата изјави дека „не ги дели кадрите на стари и нови, туку на оние што придонеле повеќе или помалку во развојот на партијата“.
„Во медиумите се појавија голем број имиња што значат нешто во Социјалдемократскиот сојуз и кои во минатото извршувале високи партиски и државни функции. Да оставиме Централниот одбор да ги донесе одлуките“, рече Ковачевски додавајќи дека тој ќе предложи извршен одбор, каде што ќе бидат застапени 50 отсто жени и 50 отсто мажи, за да се запази родовата еднаквост за која се залага Социјалдемократскиот сојуз.
Mлади ќе бидат 33 отсто, што е исто така статутарна одредба, и ќе бидат запазени сите плански региони во државата, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

