Македонија
Ковачевски – Курти: Македонија ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на маргините на Економскиот форум, кој се одржува во Скопје, одржа средба со косовскиот премиер, Албин Курти.
На средбата се дискутира за повеќе теми, меѓу кои за напредокот на заемната соработка, како и за идните чекори за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји.
Ковачевски му пренесе на својот косовски колега Курти дека Северна Македонија ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово и е подготвена за давање придонес во таа насока, како и дека активно го поддржува учеството на Косово во разни регионални формати на соработка. Премиерот исто така го поздрави постигнатиот договор за прифаќање на ЕУ-предлогот за нормализирање на односите меѓу Kосово и Србија, со што ќе се гарантираат мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот не само на двете земји туку и на регионот во целост.
Тој нагласи дека отворените прашања треба да се решаваат преку дијалог и ја истакна подготвеноста на Северна Македонија во својство на претседавач со ОБСЕ да го помогне процесот, особено во фазата на имплементација на одредени делови од евентуалниот договор.
Двајцата премиери заеднички констатираа задоволство од нивото на економска соработка, а се зборуваше и за можностите за реализација на заеднички проекти во разни области.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

