Македонија
Ковачевски му врачи награда „Достојни Бугари“ на пожарникарот Давид Галабов

Премиерот Димитар Ковачевски, на покана на бугарскиот колега Кирил Петков, на маргините на заедничката седница на двете влади присуствуваше на манифестацијата на доделување на наградата „Достојни Бугари“, која традиционално секоја година им се доделува на повеќемина бугарски граѓани што оствариле големи и хумани дела за својот народ и за својата земја.
Бугарскиот премиер ова високо признание им го врачи на бугарските спортски носители на златен медал на последните Олимписки игри во Токио, како и две деца што собирале средства за својата болна мајка со продажба на лимонада на свој штанд.
Ковачевски награда „Достојни Бугари“ му врачи на пожарникарот Давид Галабов како еден од добитниците на признанието, кој не го штедел сопствениот живот за да ги спаси животите на две мали бебиња од огнената стихија.
„Пожарникарот Галабов вторпат ја добива оваа награда, а првиот пат ја добил заедно со своите колеги заради пожртвуваното учество во справувањето со поплавите од 2016 година во мојата земја, во Северна Македонија“, истакна Ковачевски.
Премиерот изјави дека граѓаните на Северна Македонија никогаш нема да ја заборават подадената рака на Бугарија и тогаш во 2016 година, но и лани кога нашата земја беше зафатена од големи пожари за што меѓу првите помошта дојде од нашите соседи.
Бугарија и нејзините медицински и здравствени работници покажаа исклучителна професионалност и во случајот на сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ кога 47 наши сограѓани го загубија животот во страотната трагедија.
„Ние никогаш нема да го заборавиме сочувството, но и помошта што тогаш беше укажана“, истакна премиерот на церемонијата на врачувањето на наградата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се луксузира со народните пари. Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични и прескапи овошја, Министерството за одбрана на Мисајловски склучило договори со пет компании за набавка на кафе, вино, ракија, мастика и други алкохолни пијалоци во вредност од 31.000 евра“, соопшти СДСМ.
„Во реалноста, народот не може да си дозволи ниту основни работи. Последните податоци покажуваат дека синдикалната потрошувачка кошничка достигна 65.507 денари, на граѓаните им се потребни речиси 3 минималнни плати за да ги покријат само основните трошоци. Многу производи се недостижни за голем број семејства во државата.
ВМРО-ДПМНЕ ја држи Македонија со најниската минимална плата во целиот регионот и упорно одбива да ги покачи платите и да ги намали цените кои се превисоки. Просечната плата е само една третина од европскиот просек, додека цените на основните производи достигнуваат до 60% од просекот во Европа.
Ваквата расипничка политика на власта е доказ дека Мицкоски и неговите министри се грижат единствено за сопствената удобност, а не за народот кој секој ден тоне во сиромаштија и едвај врзува крај со крај“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема. Народот денес е побогат од времето на СДС. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Венко Филипче.
„Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното:
Растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8.3%.
Уште поголем удар за СДС е фактот што реалниот пораст на просечната плата во период на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем од периодот на СДС. Имено порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ е 6.7%, за разлика од 3.5% во време на СДС. Тоа значи дека стандардот на граѓаните сега, е поголем од времето кога СДС беше власт.
Кога сме кај инфлацијата, и таму бројките се лоши за СДС. Имено во време на СДС инфлацијата во просек изнесувала 4.8%, за разлика од сега кога во просек е 3.6%.
СДС и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Муцунски – Кос: реформите поврзани со евроинтеграциите остануваат високо на домашната политичка агенда

Во рамки на дводневната работна посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.
Соговорниците ја нагласија силната поддршка за проширувањето на Унијата, и од страна на земјите членки и од страна на граѓаните на Северна Македонија – што го потврдуваат и наодите од последниот „Евробарометар“.
На средбата беше поздравен реформскиот пристап на Владата, особено исполнувањето на обврските од реформскиот процес и имплементацијата на Планот за раст. Муцунски нагласи дека реформите поврзани со евроинтеграциите остануваат високо на домашната политичка агенда, со силен фокус на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Изрази благодарност за личниот ангажман на еврокомесарката Кос во пристапниот процес, особено во контекст на нејзиното учество и поддршка на Самитот за Планот за раст, што неодамна се одржа во Скопје.
Соговорниците разменија мислења и за неодамнешното приклучување на државата кон СЕПА, како и за иницијативата за постепено укинување на роаминг трошоците помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Одлуката за оваа иницијатива се очекува на почетокот на 2026 година, како дел од бенефитите на постепената интеграција во Унијата.
На средбата се дискутираше и за актуелните регионални и глобални случувања, при што беше потврдена заедничката поддршка за Украина и заложбата за што побрзо постигнување на праведен и одржлив мир.