Македонија
Ковачевски: Нашата земја е пред многу важна одлука, отворање на преговорите со ЕУ со зачуван и обезбеден македонски јазик
Централниот одбор на СДСМ на вчерашната седница донесе едногласна одлука со која го поддржа процесот за почнување преговори со ЕУ, напиша на социјалните мрежи премиерот Димитар Ковачевски.
„СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности.
Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење натамошни заклучоци за европскиот предлог во согласност со собраниските процедури“, потенцира Ковачевски во напишаното.
Имаме предлог, појаснува Ковачевски, кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка.
„Нашата земја е пред многу важна одлука за нејзината иднина и остварувањеуште една стратешка цел – отворање на преговорите со Европската Унија со зачуван и обезбеден македонски јазик во ЕУ. Toa значи, конечно, затворање на сите идентитетски прашања“, наведува Ковачевски во напишаното на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

