Македонија
Ковачевски: На денешниот неформален состанок на лидерите на НАТО ќе разговараме за Украина, Газа и за безбедноста на регионот

Премиерот Димитар Ковачевски, пред официјалниот почеток на неформалниот состанок на лидерите на НАТО-сојузниците од регионот, во изјава за медиумите посочи дека одржувањето на овој состанок токму во Скопје е уште една потврда дека Северна Македонија е ценет партнер во НАТО и фактор на стабилност во регионот.
„Сакам му да посакам добредојде уште еднаш на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг. Драго ми е што Северна Македонија денес е домаќин на неформалниот состанок на лидеритр на земјите членки на НАТО од регионот, на кој уште еднаш се потврдува нашата улога како фактор на безбедност во регионот, меѓутоа и како земја членка на НАТО, која е една од членките што целосно и посветено се насочени кон исполнување на своите обврски како дел од НАТО“, рече Ковачевски.
Премиерот изјави дека на денешниот неформален состанок со лидерите на НАТО-сојузниците од регионот ќе разговараат за актуелни прашања за нашиот регион и нашата посветеност како алијанса кон неговата стабилност и безбедност, како и за други важни прашања од интерес на алијансата.
„На денешниот состанок ќе разговараме за регионалните безбедносни прашања, но секако дека ќе разговараме и за клучните теми во однос на војната во Украина, конфликтот што се води во Појасот Газа, како и за сите други прашања што се однесуваат на градење долгорочен мир, безбедност и стабилност во нашиот регион, меѓутоа и во Европа и во светот. Благодарност уште еднаш до генералниот секретар“, додаде Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.