Македонија
Ковачевски: Нема откажување од европската иднина, имаме визија и јасен план за Македонија – земја членка на ЕУ
 
																								
												
												
											Ние имаме конкретен план, имаме волја и знаење, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски, заедно со Коалицијата за европска иднина, како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
„Тоа е почитувани граѓани прашањето на овие избори. И на претседателските и на парламентарните избори. Кој има план за иднината, а кој нема план и нема визија? Со кого е можен напредок и членство во ЕУ а со кого е можно само враќање назад во минатото? Надеж за подобра европска иднина со СДСМ и коалицијата за европска иднина и надеж со Стево Пендаровски или безнадежност и враќање назад со ВМРО – ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова“, рече Ковачевски на граѓанскиот собир.
„Јас и Стево докажавме дека местото каде ние двајца заедно со сите вас граѓаните ќе ја однесеме целата држава е Брисел и ЕУ. И ако сакаат овие кои ќе изгубат на 8 мај да ни се приклучат, вратата е ширум отворена за сите“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											