Македонија
Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите кои на лидерска ги одби, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ
Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите, кои на лидерска ги одби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека претседателот Христијан Мицкоски дал предлог за преодна влада без ДУИ и уставни измени со одложено дејство откога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Но, како што наведуваат од партијата, Ковачевски тој предлог го одбил, а сега свикал состанок.
„Кога Ковачевски го одби тој предлог, претседателот Мицкоски даде втор предлог, избори, формирање влада на ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, поддршка за националните прашања од опозицијата, барање на гаранција од европските институции за македонскиот многувековен идентитет и барање од Бугарија да имплементира 3 пресуди од ЕСЧП. Ковачевски и ова го одби.
Откога Ковачевски виде дека заглави во слепа улица, тој се сврте кон свикување на состаноци“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека нивните предлози се единствен излез за Македонија, како и дека значат и интеграција на државата во ЕУ и зачуван идентитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

