Македонија
Ковачевски: Не постои таен договор со Бугарија
„Не постои никакво тајно преговарање ниту таен договор, а односите со Бугарија се базираат на искрена комуникација помеѓу двете Влади, двата премиера и работните групи со конкретни резултати во делот на економијата, инфраструктурата, образованието, културата и европските интеграции“, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски на новинарско прашање.
Премиерот дополни дека како резултат на работните групи веќе се потпишани голем број меморандуми, имаме и договори за конкретни чекори во различни области, како на пример зголемување на транспортните квоти за транспортерите кои транзитираат низ Република Бугарија, кои по подолг временски период се на соодветно ниво на транспортните заедници на двете земји.
Ковачевски дополни дека Министерството за економија е во контакт со Министерството за енергетика на Бугарија за забрзување на работите за интерконекторот за гас во делот од Петрич до Струмица, што е значајно за енергетското снабдување и диверзификација.
„Со Бугарија имаме и комуникација за дневно справување со кризата, во сите делови како во делот на енергенсите, храната итн. Јас би сакал да апелирам на дел од претставниците на опозицијата или на дел од независни аналитичари да не се злоупотребува она што го имаме како контакти и со Србија и со Бугарија во однос на дневната комуникација која што ја имаме за заемна соработка и справување за излез од кризата“, нагласи премиерот Ковачевски.
Ковачевски потенцираше дека тој никогаш не разговарал за датум туку за брзо, меѓутоа не избрзано решение за отворените прашања со Бугарија.
„Министерствата за надворешни работи на двете земји работат на отворените политички прашања и штом ќе има документ или решение прифатливо за двете страни, тоа тогаш ќе биде соопштено“, посочи премиерот Ковачевски во својот одговор.
Во однос на информацијата дека постојат поединци коишто работат во државните институции и коишто дејствувале на непостигнување договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, претседателот на Владата Ковачевски истакна дека таа информација за Владата е позната уште од првиот ден и дека тоа прашање е во постапка согласно процедурите кај соодветните служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

