Македонија
Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај
Денешниот ден, 27 април, e најцрниот датум во историјата на нашата демократија и никогаш не смее да се заборават сликите од крвавиот четврток пред седум години, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на својот фејсбук профил. Ковачевски потенцира, дека 27 април е потсетник на едно време на режим, насилство, страв и незивесност.
„Никогаш да не ги заборавиме сликите од крвавиот четврток, сликите на насилниците поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ кои извршија упад во Собранието, се обидоа да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, кои сакаа да да го урнат уставниот поредок. На 27 април пред седум години, се виде до каде може да одат поделбите и омразата, желбата за пресметка со сите оние кои мислат поинаку. Овој датум е потсетник колку лесно опасна, десничарска власт може да ја уништи стабилноста и демократијата, да ја уназади државата. Тогаш не се откажавме од борбата за подобра иднина на граѓаните, за слободна и демократска држава. Нема да се откажеме ниту сега. СДСМ е партија направена од цврст материјал и секогаш на вистинската страна од историјата. Како што не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај. Никогаш повторно режим“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека претпладнево одржал состанок на којшто биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат коалицискиот потенцијал со останатите партии.
Фокусот ќе бидат луѓето на прво место, вели Мицкоски.
Трите значајни точки врз којшто ќе почиваат преговорите за коалициските партнери во новата Влада се: економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард; фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда; реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.
Мицкоски рече дека очекувањата се големи, а одговорноста кон народот уште поголема.
Партискиот лидер уште пред изборите најави дека ВМРО-ДПМНЕ планира да коалицира со албанскиот опозициски блок „Вреди“, а не со ДУИ, за којашто партијата смета дека треба да замине во опозиција.
Македонија
АРМ во Охрид ќе реализира показна вежба: ќе бидат употребени атрифиции, средства за звучни ефекти
Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека утре во периодот од 10.00 до 12.00 часот во водите на Охридското езеро во близина на центарот за обука на вода во Охрид, припадниците на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ ќе реализираат показна вежба – препад на пловен објект.
За време на вежбата ќе бидат употребени атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема што ја користи Армијата.
СВР Охрид, ги известува граѓаните дека, во врска со оваа активност, денеска во периодот од 13 до 15 часот, припадниците на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ, на истиот простор ќе изведат подготвителни активности со цел, успешна реализација на утрешната показна вежба.
Македонија
Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добиja трипати повеќе мандати од СДСМ и ДУИ заедно
Вчера победи Македонија, победи народот, победија и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи, победија граѓаните. Со над 280 илјади гласови разлика беше декласирана власта на СДСМ, затоа што на народот му беше доста од криминалот корупцијата, понижувањата, поделбите, притисоците, поразите и уцените, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Тој истакна дека вчера беше поразен и бојкотот на ДУИ, но беше упатен и јасен сигнал дека во Македонија мора да има одговорност за пљачкањето и осиромашувањето на граѓаните кое се случува изминатите години.
„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби трипати повеќе мандати од СДСМ, или ако сакате повеќе од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ, согласно последните неофицијални податоци од ДИК освои 58 наспроти 18 мандати на СДСМ и 19 мандати на ДУИ. Јасна е волјата на граѓаните, покрај СДСМ, во опозиција треба да оди и ДУИ, да поминат низ една катарза, да има одговорност и да се реформираат, потоа да излезат пред судот на граѓаните“, рече Муцунски.
Во врска со претседателските избори, истакна дека разликата помеѓу победничката Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Пендаровски со околу 310 илјади гласови.
Со последните прсметки, ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои 58 пратенички мандати, ДУИ-19, СДСМ-18, ВЛЕН-13, и Левица и ЗНАМ по шест.