Македонија
Ковачевски од Струмица: Инвестираме во градинките како никогаш досега
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, беше во посета на Јавната установа – детски градинки „Виножито“ во Струмица, најголемата изградена установа за ран детски развој во државата, во рамкте на проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјални услуги и Светската банка.
Со премиерот Ковачевски беа и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ.
„Градинката ‘Виножито’, која ја изградивме овде во Струмица, е најголемата установа за ран детски развој во нашата држава, изградена во рамките на проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика и Светската банка и е најголемата изградена градинка во Струмица во мандатот на оваа Влада и на министерката Јована Тренчевска, а која е изградена со вкупна вредност на инвестицијата од речиси 2 милиона евра.
Децата, тука во „Виножито“, се уверив и лично дека престојуваат во современи услови за предучилишно образование, игра, раст и развој, како што беше предвидено. Градинката има услови за греење на гас. Постојано се инвестира. И следен чекор е инвестиција во сензорна соба за да се зголеми опфатот на деца со попреченост. Згрижени се и предвидените над 300 деца во оваа навистина голема, современа и прекрасно опремена градинка.
Со оваа градинка го решивме долгогодишниот проблем со сместувачки капацитети во предучилишното образование во Струмица и околината. Работиме тука да овозможиме услови за дополнителен персонал за да ги згрижиме и новозаинтересираните, станува збор за 40-ина деца, со што на ниво на општина Струмица сите деца за кои има интерес ќе ни бидат во градинките“, рече Ковачевски.
Како што вели тој, до крајот на 2023 година се планира да бидат отворени капацитети за уште 530 деца на ниво на држава.
„А до крајот на 2024 година предвидовме отворање дополнителни речиси 1.700 места за згрижување деца од предучилишна возраст“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.