Македонија
Ковачевски – Пич: Политиките на Северна Македонија се фактор за безбедност на регионот и Европа

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на Бледскиот стратешки форум кој се одржува во Словенија, оствари средба со Лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на британскиот премиер за Западен Балкан.
На средбата, соговорниците го потврдија долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, како и поддршката која нашата држава ја добива за клучните прашања за напредок и остварување на стратешките цели, како членството во НАТО и интеграцијата во Европската Унија за што е исклучително важен реформскиот процес на земјата.
Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на Западен Балкан и дека тој процес е клучен за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања во регионот.
На средбата се потврди дека Северна Македонија продолжува со поставеноста на надворешната политика која е на линија на политиките на државите од Европа, со што придонесуваме за регионалната стабилност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Силјановска – Давкова застана на страна на Владата во поткопувањето на мултиетничкиот карактер на државата

Во време кога мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија е под сериозна закана, претседателката Гордана Силјановска Давкова отворено се позиционираше на страната на Владата, занемарувајќи ги механизмите за заштита од етничка мајоризација, велат од ДУИ.
„Со нејзината изјава дека „не е важно колку пратеници Албанци ќе го напуштат парламентарното мнозинство, сѐ додека Владата има 61 пратеник – нема потреба од предвремени избори“, претседателката испраќа јасна порака дека етничкиот баланс и чувствителноста на коалициските партнерства не се дел од нејзиниот политички приоритет. Силјановска многу лесно ја напушти клучната улога која претседателот на државата треба да ја има – да биде фер арбитар на различните политички позиции со цел да ги обединува сите граѓани, без разлика на нивната етничка, политичка или било каква друга припадност. Наместо обединувач, таа избра да биде дел од партиската поларизација“, реагираат од ДУИ.
Наместо да биде глас на уставната обврска за градење соживот и консензус, велат од партијата, претседателката избра да стане гласноговорничка на едноетничката доминација.
„Овој пристап потсетува на темните времиња кога мајоризацијата, прикриена зад „мерит системи“ и „почитување на закони“, беше средство за системско потиснување на Албанците. Очигледно е дека сѐ додека не се обезбедат дополнителни уставни и политички механизми кои ќе ја гарантираат консензуалноста во изборот и дејствувањето на функцијата Претседател, оваа функција ќе остане перцепирана како исклучиво етничка – насочена само кон потребите на македонскиот народ. Доколку Силјановска Давкова не ја преиспита својата позиција, таа ризикува да биде призната само од дел од населението. Албанскиот народ нема да ја препознае нејзината функција како своја, туку како отуѓена и неавтентична за мултиетничкиот карактер на државата“, пишува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба, Аеродром и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од општините Гази Баба, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево.
Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 06.05.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06:00 до 15:00 часот населба Економија, дел од Сингелиќ, објектите на главен пат за Арачиново.(општините Гази Баба и Арачиново)
– во периодот од 09:00 до 11:00 часот, Булевар Асном околина на ОУ Лазо Ангелевски, Февруарски поход -Ново Лисиче ( општина Аеродром );
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот,Населба Лисиче дел од ул.1623,кон бул.Србија. ( општина Аеродром );
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот,дел од корисниците на ул.Јуриј Гагарин.( општина Карпош );
– во периодот од 09:00 до 18:00 часот, корисниците од Г.Оризари,Каменолом Гранит во село Бразда.( општина Чучер Сандево );
– во периодот од 09:00 до 14:30 часот,Булевар Асном до ЕВН КЕЦ Аеродром и околина ( општина Аеродром ).
Македонија
Без вода дел од Општина Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска (Вторник), поради изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на ул. Никола Тримпаре бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Никола Тримпаре, Дебарца и Борка Талевски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(Општина Центар)