Македонија
Ковачевски подготвен да му го отстапи премиерското место на Мицкоски: Да гласаме за уставните измени и да одиме на избори веднаш
Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот брифинг со новинарите рече дека нема проблем да го отстапи премиерското место на ВМРО-ДПМНЕ ако, наместо него, Христијан Мицкоски или некој друг член на опозицијата стои како предлагач на уставните измени.
„Јас сум потписник на предлогот за уставните измени. Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја има таа чест, јас со задоволство ќе му ја отстапам“, рече Ковачевски.
Тој додаде дека нема против ни со тоа СДСМ да отстапи половина од министерските места на ВМРО-ДПМНЕ за да влезат во Владата. Целта, како што рече, е заеднички да ја донесат одлуката за уставните измени и да се продолжи патот за евроинтеграциите.
Според Ковачевски, гласањето уставни измени за вметнување на Бугарите како малцинство во Уставот треба да биде веднаш. Исто така, рече дека треба веднаш да има и парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

