Македонија
Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заедно со шефовите на владите од земјите од Западен Балкан, како и високи претставници на владите од земјите на ЕУ и Обединетото Кралство, денеска присуствуваа на официјалното почнување на самитот за Берлинскиот процес.
Пред почетокот на самитот, кој се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, Ковачевски беше пречекан од германскиот канцелар, Олаф Шолц.
Првиот самит за Западен Балкан се одржа исто така во Берлин во 2014 година, а целта на годинешниот самит е да се интензивираат соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.
Лидерите од Западен Балкан заедно со претставниците на владите од земјите од ЕУ, Обединетото Кралство и претставници на Европската комисија, ќе имаат можност да дискутираат за регионалната соработка и заедничките регионални пазари, за енергетската стабилност и трансформацијата, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Марковска – Илиевска: Арсовска помина цел мандат во изговори заради нејзината неспособност

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска која на самиот почеток истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи одлуката за промена на средствата во буџетот, платите и придонесите за вработените во противпожарникарната единица.
„Ја поздравувам предлог одлуката за измена на распоредот на средства во буџетот на Град Скопје за 2025 година, особено за ставките плати и придонеси за вработените во противпожарната единица и градот Скопје. Сведоци сме на недостатокот на пожарникари и проблемите при извршување на работните задачи, па со оваа одлука ќе се овозможи вработување на нови пожарникари, кој број беше до сега преполовен од потребниот и пожарна Скопје, се надевам, ќе биде на ниво коешто доликува и од помош на Скопјани, па и пошироко“, истакна Марковска Илиевска.
Советничката се обрати до градоначалничката Арсовска и посочи да престане да манипулира со јавноста и прстот, заради нејзината неспособност, да го вперува кон ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа, од тука апелирам Арсовска да престане да манипулира со јавноста и со вработените велејќи им дека ВМРО-ДПМНЕ опструира, не гласа одлуки бидејќи помина цел мандат во изговори заради неспособноста да се справи со предизвиците и сеуште продолжува, за жал. Скопјани, бидете спокојни, следува обнова на Скопје од капитални до локални решенија а ова раководство ќе остане запамтено во историјата како најнеспособното“, рече Марковска Илиевска.
Македонија
(Видео) СДСМ: Максим Димитриевски се стекнал со стан од 97 квадрати за само 2.500 евра

Општина Куманово е само алатка за остварување на приватните бизнис интереси на градоначалникот Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски, обвини Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово.
„По скандалот со продажбата на земјиштето кај поранешен ЧИК, излегува нов сомнителен случај – нов скандал, шеми со станови вредни околу 140.000 евра. Одиме по ред. Во 2010 година, Максим Димитриевски купува 10.000 м² земјиште за 10.000 евра. Односно по едно евро за квадрат. Тогаш не е градоначалник, но токму ова земјиште подоцна, кога станува градоначалник, е клучна алатка за оваа сомнителна шема.Во меѓувреме компанијата „Е вгенија план ДОО увоз-извоз Куманово, добива дозвола за градење и гради зграда. Но, подолг период од непознати причини, оваа компанија не можела да добие технички прием. Димитиевски станува градоначалник, компанијата не добива дозвола за технички прием, сè до моментот кога кумот на Димитриевски купува два стана во зградата од по 97 кавдрати. Потоа, техничкиот прием е одобрен.Еве го купопродажниот договор за двата стана од по 97 квадрати на кумот на Максим од август 2022 година“, рече таа.
Само неколку месеци потоа, додаде Мургашанска, истата 2022, еден од тие станови кумот му го префрла на Масксим Димитриевски со размена на недвижност ама не за реалната цена од околу 70.000 евра, туку за 2.500 евра.
„Како е можно стан во Куманово од 97метри кавдартни да го добие Димитриевски за само 2.500 евра? Преку размена за една четвртина од ливадата купена во 2010 година, за едно евро по квадрат. Значи Димитриевски се стекнал со стан во Куманово од 97 кавдарти вреден 70,000 евра за само 2.500 евра“, тврди таа.
Според неа, овој скандал отвора сериозни прашања за можна корупција, перење пари и судир на интереси кои мора да бидат расчистени целосно.
Таа прашува дали станува збор за перење пари, дали е ова дел од коруптивна шема поврзана и со техничкиот прием на згрдата и дали градоначалничката функција е злоупотребена за приватен профит?
„СДСМ бара итна истрага од надлежните институции. Куманово заслужува чесно раководство, а не станбени афери и злоупотреби, Јасно е дека Димитриевски не работи за Куманово, туку за себе и за блискиот фамилијарен круг. Но, Куманово не е негова семејна компанија“, рече Мургашанска.
Македонија
Муцунски телефонски разговараше со шефот на дипломатијата на Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд.
„Во разговорот беше нагласена заедничката заложба за унапредување на билатералните односи, при што како конкретен чекор од страна на министерот Муцунски беше потенцирано отворањето на резидентна амбасада во Ријад – одлука што се смета за поттик за продлабочување на соработката во економските и другите области од заеднички интерес“, соопшти МНР.
Притоа, од страна на министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, била поздравена оваа иницијатива. Тој ја реафирмирал подготвеноста на Кралството за натамошно зацврстување на пријателските односи и зголемување на динамиката на политичкиот, економскиот и институционалниот дијалог меѓу двете земји.