Македонија
Ковачевски: СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40% во споредба со ДПМНЕ
СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40% во споредба со ДПМНЕ, нашата цел е да обезбедиме достоен и пристоен живот за секој пензионер, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на средба со пензионери од општина Карпош.
-Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари. Сега, во време на СДСМ, односно во март 2023 година просечната пензија изнесува околу 20.000 денари. Тоа е покачување од 40 отсто во време на мандат на СДСМ. Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Значи 4.000 денари повеќе со СДСМ на ниво на минимална пензија. Не мислам дека е тоа доволно и работам да допринесеме уште повеќе. Особено во времето во кое сите живееме, на глобална економска и енергетска криза, наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите и ние како Влада и како партија сме на тоа посветени, рече Ковачевски.
Обезбедивме стабилност на пензискиот систем и редовна исплата на пензиите за сегашните и за идните пензионери, додаде Ковачевски.
-Ние и достоинството на пензионерите го штитиме. Никогаш повеќе зголемувањето на пензиите нема да зависи од нечија политичка волја, туку тоа ќе се одвива на секој шест месеци како збир од проценти од официјални статистички податоци, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

