Македонија
Ковачевски: Снимката со Џафери ја слушнав, но не можам да ја коментирам зашто не се гледа со кого разговара
Премиерот Димитар Ковачевски ја видел снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, но не сакаше да ја коментира.
Одговарајќи на новинарско прашање за снимката, Ковачевски рече дека не може да даде конкретен одговор на забелешките дека поради дрското однесување што се слуша на снимката, претседателот Џафери треба да си поднесе оставка.
„Снимката ја видов, меѓутоа се работи за некој разговор од кој не се гледа ниту кој разговара ниту со кого разговара и од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можам да дадам конкретен одговор бидејќи на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува. Се слуша, но не се гледа кој со кого зборува“, рече премиерот при денешната посета на фабриката „Брако“ во Велес.
Снимката на која се гледа говорницата во Собранието, а се слуша глас за кој ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е на претседателот на Собранието, Тала Џафери, партијата ја објави вчера.
Со објаснување дека односот на Џафери на снимката е скандалозен и примитивен, а пцостите и навредите за вработените се недозволиви, ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од претседателот на Собранието.
Од кабинетот на Џафери нема официјално објаснување за она што се слуша на снимката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

