Македонија
Ковачевски со амбасадорите на земји членки на ЕУ: Европската перспектива на Северна Македонија е реалност
Премиерот Димитар Ковачевски имаше состанок со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, и со амбасадорите на земји членки на Европската Унија во нашата држава.
Станува збор за редовен годишен состанок со резидентни амбасадори, на кој, заедно со премиерот Ковачевски, денеска присуствуваа и Артан Груби – првиот заменик на претседателот на Владата, Славица Грковска – заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи – заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ – заменик на претседателот на Владата за европски прашања, и Бујар Османи – министер за надворешни работи.
На состанокот е разговарано за актуелни прашања поврзани со текот на евроинтеграцискиот процес на нашата држава, како и за предизвиците во глобален контекст како последица на војната во Украина на економски и безбедносен план.
Пренесена е пораката дека европската перспектива на Македонија е реалност и дека државата може да смета на европските партнери и во поддршката за натамошните исчекори во евроинтеграцискиот процес.
Соопштено е дека се почитува лидерството во напредокот на државата и во храбрите и мудри одлуки што се носат во таа насока и дека се вреднуваат постигнувањата на реформски план.
Најавена е натамошна поддршка и во делот на реформите бидејќи, како што е оценето, евроинтеграциите се опцијата за иднината и квалитетот на живот на граѓаните во Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски и владините претставници изразија благодарност за значајната поддршка на европските партнери во сите важни процеси за демократијата во земјата при напредокот на Северна Македонија и отворањето на преговорите во придвижувањето на процесот напред, како и за финансиската поддршка во напорите за надминување на предизвиците во глобалната економско-енергетска криза.
„Отворени сме како Влада да ги зајакнеме капацитетите на Владата и да го зголемиме парламентарното мнозинство. Наши стратешки партнери се ЕУ и САД и ќе продолжиме да ја развиваме државата во таа насока, која носи сигурност и квалитетен живот на граѓаните, со фокус и кон сите реформи и во делот на владеењето на правото. Ние сме граѓанска држава, успешен пример на функционална, мултиетничка демократија, држава на рамноправни граѓани, со еднакви права и обврски и во тоа е нашата големина и вредност. Ќе продолжиме по патот напред, притоа со категорична заштита на идентитетските одредници и на достоинството на граѓаните“, рече Ковачевски.
На состанокот е соопштено дека предвремени избори не се опција бидејќи тие не се поврзани со можноста за напредок на државата, туку за политички агенди што не се во интерес на граѓаните.
„Избрани сме да водиме, Република Северна Македонија го заслужува членството во Европската Унија, тоа е иднината на државата и ќе продолжиме да ја развиваме по европскиот пат“, рече Груби.
Во дискусијата од страна на владините претставници е оценето дека реалност се заканите од растечки национализам за лични и туѓи интереси во државите од Западен Балкан поради што е неопходно да продолжи проширувањето на Европската Унија.
На состанокот беше потенциран позитивниот тек на скрининг-процесот со очекување дека фокусот при вреднувањето останува на примената на европските стандарди и европските вредности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

