Македонија
Ковачевски: Со апаратот за зрачна терапија до квалитетен третман на онколошките пациенти во болницата „8 Септември”
Премиерот Димитар Ковачевски по повод Денот на независноста заедно со министерот за здравство Беким Сали присуствуваа на презентација на апарат за зрачна терапија за онколошки пациенти во Градската болница „8 Септември”. Апаратот кој треба да биде целосно ставен во функција до крајот на годината го презентираше директорот на болницата Христијан Костов.
„Со овој апарат кој се очекува да биде ставен во полна функција до крајот на годинава, значително треба да се растерети притисокот на онколошкото одделение на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, бидејќи дури една третина од тамошните пациенти, здравствената нега и услуга ќе продолжат да ја добиваат во болницата „8 Септември“ на високо квалитетен акцелератор од понова генерација, ваков акцелератор нема во регионот овој е од понова генерација. Вложувањето во јавното здравство значат подобрени услови за работа на нашите доктори, професори и на сите здравствени работници, но пред сѐ вложување во поквалитетни здравствени услуги. Инвестиции во јавното здравство значат задоволни граѓани и мотивирани здравствени работници“, нагласи Ковачевски.
Многу е важно, дополни тој, државата да вложува во човечкиот капитал кој, како што оцени, е предуслов за напредок и развој. Т
За две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавното здравство. Истовремено работевме и на зголемување на платите на медицинскиот персонал.
Само со ваков системски пристап, системско дејствување кои го опфаќаат целиот здравствен систем според него може да се постигне успех.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стаменкоска Трајкоска-Клеин: Соработката со Унгарија е пример за вистинско партнерство
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес во просториите на општината оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клеин. Во рамките на разговорот, таа ја претстави својата визија за развој на општината, а посебно беше нагласена подготвеноста за унапредување на долгогодишната соработка меѓу општината и Унгарија.
Соговорниците посебен акцент ставија на продолжувањето на традицијата на чествување на Шандор Петефи, чија биста е поставена во новиот парк во Драчево. И годинава ќе продолжат активностите поврзани со неговото одбележување, а најавен е и конкурс за учениците од основните училишта, посветен на теми од унгарската историја и државност.
-Преку вакви проекти не само што го унапредуваме урбаниот и културниот живот во Кисела Вода, туку и ги зајакнуваме врските меѓу македонскиот и унгарскиот народ. Нашата соработка со Унгарија е пример за вистинско партнерство и верувам дека и во иднина ќе реализираме уште многу заеднички иницијативи-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
На средбата присуствуваше и претседателот на Здружението на Унгарците во Македонија-Теледом, Јожеф Шутуш, кој ја потврди долгогодишната соработка и одличните релации со Општина Кисела Вода, како основа за понатамошно зближување и заеднички развој.
Македонија
Мицкоски: Над 160 проекти се предвидени во образованата инфраструктурa
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во текот на посетата на Кратово и реновираната спортска сала, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали оваа година ќе има инвестиции во образовната инфраструктура, изјави дека се предвидени повеќе од 160 проекти во областа на образованието.
„Па да. Впрочем, и овој објект е дел од тие инвестиции, би рекол. Инаку, повеќе од 160–170 проекти ширум државата се предвидени за инвестирање во делот на образованието, училишта, студентски домови, итн, нешто што претставува императив за оваа Влада“, рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека за година и половина, повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието и дека продолжуваат со нови инвестирања во оваа област.
„Инаку чисто за да споменам, последно што го разгледувавме, беше дека за година и половина, повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието, а од тие некаде околу 56–57 милиони се дел од програмата АА. Така што образованието е еден од нашите главни приоритети како Влада. Продолжуваме и понатаму да инвестираме, бидејќи без квалитетно и добро образование нема иднина“, изјави тој.
Македонија
Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД.
Тој појасни дека суспендирањето на визите за 75 земји, меѓу кои и Македонија, не ги опфаќа визите за потребите на студирањето и туристичките посети, туку само оние кои се однесуваат на имиграција.
„Мислам дека во деновите кои следат ќе има добри вести за македонските граѓани кога станува збор за ваквов тип на односи помеѓу нашиот стратешки партнер“, рече Мицкоски.
Во таа насока изрази и разочараност од однесувањето на опозицијата.
„Жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон Обединетото Кралство, тоа го прави сега и со САД. Неодамна кога беа наметнати оние трговски тарифи од 30 до 35 отсто, истите тие кои јас ги нареков талог на општеството во политиката поитаа да го навредуваат САД, а ги немаше да се извинуваат кога стапката се намали на 15 проценти“, рече премиерот.
Мицкоски очекува позитивен исход.
„Јас би бил внимателен и трпелив и очекувам добри вести“, додаде.

