Македонија
Ковачевски: Со мерката „ваучери во спортот“ вложени над 500 милиони денари во спортот и спортските програми

Владата и Агенцијата за млади и спорт континуирано вложуваат и создаваат услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубовите и индивидуалните спортисти за што се креирани мерки како што е и „ваучер во спортот“, за што досега се искористени 574 милиони денари, средства од буџетот на државата, изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска при посетата на салата „Партизан“ во Карпош.
„На овој начин државата ги пренасочува дел од парите од данокот на добивка во македонскиот спорт. Компаниите всушност дел од својата обврска за данок на добивка наместо да ја платат на државата, имаат можност да ја вложат во спортски клуб или спортисти кои имаат добиено ваучер од Агенцијата за млади и спорт. Преку оваа мерка спортските клубови, Националните спортски федерации и индивидуалните спортисти добиваат институционална поддршка и сигурен партнер во финансирањето на нивните програми што во крајна линија значи унапредување на спортот“, рече премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата истакна дека и во време на глобална економска и здравствена криза, со оваа мерка поддржани се 174 спортисти, 46 федерации и 664 спортски клубови, што значи дека 885 спортски субјекти и индивидуални спортисти ги почувствувале бенефитите од мерката ваучер систем. Интересот е многу голем, а мерката сé поприфатена и во изминативе три години со неа активно поддржуваме спортски клубови, федерации, но и индивидуални спортисти со цел остварување на успеси и добри резултати.
„ За Владата на Република Северна Македонија спортот претставува средство за постигнување подобар социјален и економски развој и игра важна улога во културната историја на нашата земја. Спортот ги зајакнува младите, жените, индивидуите и заедниците и придонесува кон градење на кохезивно, толерантно и одржливо општество. Нашите цели се однесуваат на градење физички активнo население, стимулирање и развој на спортска култура во нашата земја, креирање политики на интегритет во спортските организации, афирмација на спортска дипломатија и врвниот спорт“, изјави премиерот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ бара измени на Кривичниот законик: подметнувањето пожар да се третира како обид за убиство

Зелената партија ДОМ остро реагира на денешниот пожар во скопското село Трубарево.
„Очигледно дека не станува збор за изолиран настан – претходно гореа депониите Вардариште и Дрисла. Секој ваков пожар е директна закана по животот и здравјето на луѓето, а институциите остануваат неми и без одговорност“, велат од ДОМ.
Партијата како дел од „Коалицијата за зелена иднина“ порачува дека дојде моментот да се престане со полупразни изјави и симболични реакции на институциите.
„Кога чадот ги труе белите дробови на децата, кога цели населби се задушуваат, тоа не е „општа опасност“ – тоа е обид за убиство. Затоа, ги повикуваме сите пратеници во Собранието – од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН и сите други политички партии – веднаш да се обединат и да подготват итни измени на Кривичниот законик со кои подметнувањето пожар ќе биде јасно утврдено како кривично дело што ќе се третира како обид за убиство“, се додава во соопштението.
Македонија
Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф – Групација“ во Скопје, каде што се складира електронски отпад, е намерно подметнат и претставува хибриден напад врз државата.
Ангелов објасни дека пожарот зафатил два производствени погони во кои имало и пластика. Огнот делумно се проширил и кон уште два соседни објекти каде што е складирана поголема количина на пластичен отпад.
„Пластиката дава густ и црн, а верувам и токсичен чад“, рече Ангелов.
Директорот на ДЗС соопшти дека нема повредени, а побарана е помош од соседните противпожарни единици. Дел од пожарникарите се во црниот чад со заштитни маски.
Рече дека сите ресурси се насочени кон овој пожар, на терен дејствува ер-тракторот, хеликоптерите на МВР и АРМ, хермелин, пожарникари…
Тој нагласи дека пожар од ваков обем не може лесно да се запали и дека не е случаен:
„Ова е хибриден напад врз државата, бидејќи во краток временски период се случија повеќе тешки пожари што предизвикуваат огромно загадување на воздухот во Скопје – Вардариште, Дрисла, депонијата во Шуто Оризари и денес оваа фабрика. Мета сме на хибриден напад, а за мотивите можеме само да погодуваме.“
Ангелов додаде дека Министерството за внатрешни работи работи на откривање на сторителите и упати апел до граѓаните: „Секое сомнително однесување, лица со туби, особено околу вакви објекти, веднаш пријавете ги на бројот 112 или во најблиската полициска станица.“
Македонија
(Видео) Големиот пожар во Трубарево се гасне и со хермелини

Специјализирани возила со хермелини, ер трактор, хеликоптери на МВР и АРМ, екипи на скопската противпожарна бригада го гаснат големиот пожат што избувна во Трубарево во складиштето за електронски отпад.
Видеата во прилог го прикажуваат гаснењето на огнот.