Македонија
Ковачевски со сочувство до Ердоган: „Ужасна вест, која нè растажи сите“
„Ужасна вест за земјотресот во Турција, која нè растажи сите“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил по страшниот земјотрес во Турција.
„Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија му изразувам длабоко сочувство на Реџеп Таип Ердоган за изгубените животи и им посакувам брзо закрепнување на повредените“, вели Ковачевски во напишаното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Движењето ЗНАМ за конгресот на СДСМ: Од државотворна, партијата ќе ја раководат луѓе со сомнително минато
Ако овој состав на СДСМ се претставува како новото лице и новата енергија на партијата, тогаш навистина треба да бидат загрижени за
својата иднина, истакнуваат од движењето ЗНАМ за Наша Македонија за 30-ти Конгрес на СДСМ.
„Директорот на фондацијата Заев, Венко Филипче, вршител на должноста Претседател на Акционерското друштво СДСМ, во доминантна сопственост на кланот од Струмица, денеска на конгресот си избра нов акционер од друштвото на Сорос. Тажна е сликата на составот на новиот Централен одбор во кој нема никаков интелектуален капацитет, ниту реализирани личности во општествениот и јавен простор во Македонија. Жално е што од една државотворна партија во која беше интегриран интелектуалниот крем на Македонија, партијата се сведува да ја раководат луѓе со сомнително минато, луѓе без никакви биографии, загубени и отуѓени од основната идеолошка матрица на социјалдемократијата“, велат од оваа партија.
Според нив, како шлаг на тортата ќе биде изборот на секретарите на партијата, со кој ќе се потврди управувачкиот пакет акции на Заеви.
Македонија
(Видео) Бочварски: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за субвенции на чисти извори на енергија
СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на сите компании што ќе имплементираат капацитети за производство на чист водород од обновливи извори на енергија. Оваа поддршка има за цел да поттикне, развој на иновативните технологии и решенија, кој ќе придонесат за енергетска независност и зелена транзиција на земјата, особено во период на глобалната борбата против климатските промени, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на комисијата за финансирање на буџет.
– Субвенициите ќе им овозможат на компаниите да ги намалат почетните трошоци за имплементација на водородни капацитети, со што се поттикнува потребата на чисти извори на енергија во производството и индустријата. Производството на водород од обновливи извори како што се соларната и ветерната енергија ќе го намали влијанието врз животната средина и ќе обезбеди стабилно и одржливо снабдување со енергија што е клучно за долгорочната економската и еколошка стабилност на земјата, рече Бочварски.
Ова инцијатива ќе го позиционира енергетскиот сектор на Македонија, на мапата на одржливи и иновативни решенија, потенцираше Бочварски, и со тоа ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании и ќе придонесе за одржлив економски развој.
Македонија
Мицкоски е разочаран од новото раководство на СДСМ: Ќе продолжат со конструкции, измислици, ниски страсти и навреди
Премиерот Христијан Мицкоски од новото раководство на СДСМ не очекува конструктивна опозиција. На денешното поставување камен-темелник за нова детска градинка во Расадник, Кисела Вода, одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Мицкоски рече дека за новото раководство на СДСМ може да каже две работи.
„Прво, членовите на конгресот или на општинските организации на СДСМ си избраа раководство какво што заслужуваат. Тие најдобро знаат. Ние не можеме да кажеме какво раководство треба да има СДСМ. Тие одлучиле дека такво раководство заслужуваат и во ред, тоа е што е. Второ, што можам како порака да го пратам, е дека не сум импресиониран од ова раководство, напротив, разочаран сум затоа што ценам дека овие луѓе не може да бидат конструктивна опозиција и додадена вредност на политичката сцена кај нас. Ќе продолжат со оние конструкции, измислици, ниски страсти, навреди, дневно политички и тоа е што е“, рече премиерот Мицкоски.
Според него, локалните избори в година ќе бидат првиот тест за новото раководство на СДСМ.
„Приближно за десет месеци од денеска ќе има веќе кампања за локалните избори и ќе видиме дали ова ново раководство ќе понуди нешто ново, нема да понуди нешто ново и така натаму. Јас би сакал да бидат конструктивен партнер на политичката сцена. За жал, можам да констатирам дека не сум импресиониран од кадровската понуда, но тоа е одлука на членовите на конгресот на СДСМ“, вели премиерот Мицкоски.
СДСМ вчера избра нов состав на Централниот и Надзорниот одбор, како и заменик-претседател. Заменик-претседателка на партијата од вчера е Фани Каранфилова-Пановска, а во Централниот и Надзорниот одбор влегоа поранешниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски, поранешниот директор на истражниот завор во Шуто Оризари, Филип Андов, поранешниот пратеник Мартин Костовски, поранешната заменик-министерка за правда, Викторија Мадиќ-Аврамовска, и ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.