Македонија
Ковачевски: Успеваме да ја смениме сликата за Балканот – соработка и просперитет, наместо конфликти
Во интервју за српската државна телевизија, премиерот Ковачевски подвлече дека немањето ниту едно отворено политичко прашање меѓу Македонија и Србија како секуларни држави, особено неговиот личен добар контакт со претседателот Александар Вучиќ, како и со премиерката Ана Брнабиќ, како и позитивните односи на останатите политички репрезенти од двете земји, имаше позитивно влијание и врз односите меѓу црковните институции меѓу двете држави и во изминатиот период беше решено едно повеќедецениско значење, односно примањето на МПЦ во канонско единство со сите други православни цркви и одлуката на Синодот на СПЦ беше со огромно задоволство прифатена во Македонија.
Овде премиерот Ковачевски повторно ги истакна добрите резултати кои произлегуваат од Иницијативата „Отворен Балкан“, односно дека немањето отворени прашања со соседите, особено со Србија и Албанија и срдечните средби кои ги остваруваат лидерите на овие три земји, испраќаат јасен сигнал дека Западен Балкан е регион каде што луѓето соработуваат, се почитуваат, работат на економски просперитет, на меѓусебно вмрежување, што е спротивно на мислењето коешто се имаше за Балканот порано.
„Една од моите цели, визија уште од секогаш од млади години кога сум се школувал во странство и на американскиот континент и тука во Европа било да ја смениме сликата во Балканот, од место на конфликти на место на меѓусебна соработка и просперитет за сите граѓани кои живеат тука“, вели за РТС претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.
Тој како пример на добрососедство ги повтори затворените прашања со Република Грција, по што станавме земја членка на НАТО. Со Република Бугарија со Договорот за добрососедство со Бугарија преку ресорски комисии во сите области се постигна договор за отпочнување на преговорите на Северна Македонија во ЕУ и веќе ветото од бугарска страна не постои.
Тука, премиерот Ковачевски ја истакна добрата соработка со Бугарија особено во услови на енергетска криза, со оглед на тоа што Бугарија е една од земјите во Европа која има нето вишоци на електрична енергија заради поседување на нуклеарна централа и исто така и со нив сме во комуникација во однос на обезбедување на електрична енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

