Македонија
Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали за промените на Уставот ги лажат амбасадите или народот
Во однос на уставните измени јас ќе го повторам она што сум го кажал досега, тие се обврска на секоја политичка партија која е за зачленување на нашата држава во ЕУ, но опозицијата единствено дава декларативна поддршка, тие не поддржаа ниту една одлука до сега за зачленување во ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање.
„Она што го имаме кај опозицијата е единствено декларативна поддршка, сетете се на зачленувањето на НАТО. Тие не поддржаа ниту една одлука за зачленување во НАТО. Не поддржаа ниту една одлука до сега за зачленување во ЕУ. Најеклатантен пример е гласањето на договорот ФРОНТЕКС. Тој договор е прв во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ, потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија. Ни тоа не влегоа да го гласаат за да го ратификуваат во Собранието“, рече Ковачевски.
Премиерот ја повика ВМРО-ДПМНЕ да седне и да размисли како ќе дејствува.
„ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали тоа што го зборува по амбасади, дајте ни власт, и безусловно ќе го промениме уставот, ќе го каже и пред народот, односно дали ги лажат амбасадите или го лажат народот“, рече Ковачевски.
Нагласи дека лидерска средба нема да има, со оглед на тоа дека во овој момент, смета дека нема потреба од такво нешто. Одвоени средби ниту практикувал, ниту ќе практикува, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

