Македонија
Ковачевски: Треба целосно да ги подигнеме рампите со Србија и Албанија, ние сме единствен регион во светот со граници
Во палатата „Србија“ во Белград денеска се одржува самитот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“. Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ги поздрави сите присутни и рече дека собирот е клучен чекор во клучен момент.
„Нашето здружување и заедничката работа е моторот што нè турка низ предизвиците на претстојната зима. Денес е јасно дека Северна Македонија, Албанија и Србија направија клучен чекор во клучен момент. Изградивме доверба меѓу пријателските земји. Додека некои мислат дека тоа може да нè оттргне од европскиот пат, мислам дека тоа ќе нè зајакне и ќе им го олесни животот на нашите граѓани“, вели Ковачевски.
Тој рече дека преку договорите ќе се заложи да обезбеди стабилност на снабдувањето со храна.
„Како што треба да прават добрите соседи. Ќе си помагаме меѓусебно за сите предизвици и нарушувања на кои може да се соочиме на земјоделските пазари. Ќе обезбедиме доволно пченица, брашно, пченка, сол и други производи“, вели тој.
Ковачевски вели дека е добро што се зборува за соработка во областа на енергетиката, каде што има простор за развој.
„Да се зголеми меѓусебната поврзаност и да се постигне соработка за изградба на зелени извори на енергија. Ќе ја интензивираме и нашата работа во однос на гасната интерконекција. Веќе имаме потпишано договор за заштита во случај на вонредни ситуации“, рече македонскиот премиер и потенцира дека му е мило што ги гледа министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, а се надева дека ќе ги види и претставниците на Грција и Италија.
„Неопходен е отворен Балкан и се надевам дека ќе продолжиме да напредуваме. Дозволете ми да завршам со спомнување на нешто што го гледаме секоја година на границите со Србија и Албанија. Во изминатите години воопшто не можев да разберам кога претставници на некои земји, кои немаат граници меѓу себе, доаѓаат овде и финансираат проекти за управување со границите. Мислам дека треба целосно да ги подигнеме рампите“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун.
Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит.
За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план.
Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации.
На церемонијата, новоименуваниот амбасадор Абделмаџид Наaмун ја истакна својата желба да гради нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.
Двајцата изразија загриженост за геополитичките предизвици со коишто се соочени сите држави и народи, без оглед на географската положба и големина. Тие ја потенцираа потребата од мултилатерализам како соодветен одговор и механизам за решавање на проблемите.
Сиљановска-Давкова и амбасадорот Наамун се согласија дека донесувањето правна рамка за регулирање на меѓусебните односи, како и размената на посети на највисоко ниво ќе ја поттикат соработката.
Соговорниците имаа усогласен став и во однос на потребата од реформи во Обединетите нации, како и за неопходноста од назначување на жена на највисоката позиција – генерален секретар.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

