Македонија
Ковачевски: 20 икони од нашето културно наследство, после една деценија се вратени во државата
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вечерва присуствуваше и се обрати на настан по повод враќање на незаконски изнесени икони од Северна Македонија.
„Денеска сите ние сведочиме на еден историски чин, за прв пат во нашата држава, успешно заврши реституција на културно наследство. 20 наши икони репрезент на она што се творело на крајот од 18-ти и во 19-ти век, после една деценија се вратени дома. Овие ремек дела за Северна Македoнија се дел од идентитеските одредници и наше богатото културно наследство. Иконите се меѓу најделикатните и највеличествените богатства во светот, овие икони кои вечерва ги видов може да се споредат со сликите на најголемите светски мајстори на ликовната уметност. Особено сум горд што сум дел од Влада која создаде модел за демократија, дипломатија со што воспоставивме одлични добрососедски односи со нашите соседи. Со дијалог, компромис, взаемно почитување и најтешките предизвици може да се надминат и да отворат нови можности за соработка. Вечерва сведочиме за една таква соработка со нашиот сосед Албанија, иконите украдени во 2013 та година, успеавме да ги вратиме дома“, рече Ковачевски.
Според него, се работи за навистина една голема и сеопфатна акција на МВР на Албанија, во која се открил голем канал на крадење, шверцување и уништување на едно историско културно наследство.
„Оттука мора да изразам благодарност и до МВР на Албанија, посебно до премиерот Рама, кој откако се откри што има фатено полицијата на Албанија, веднаш кажа дека штом се завршат процедурите од страна на министерствата, ќе биде вратено во нашата држава. Северна Македонија ја гради својата внатрешна и надворешна политика на столбовите на кои почива и ЕУ-демократија, слобода, безбедност и правда. Изминативе неколку години со Албанија имаме постигнато многу, потпишавме повеќе договори и меморандуми за унапредување на билатералната соработка, евроинтегративниот процес, безбедноста, инфраструктурата енергетика, културата, борбата против меѓународен криминал и многу други“, додаде Ковачевски.
Како што посочи, ова враќање на иконите од Албанија во Северна Македонија е на заедничко задоволство на двете земји, посакуван епилог, благодарение на одлична соработка како и на Конвенцијата за мерките за забрана и спречување на недозволен увоз, извоз и пренос на сопственоста на културните добра на ОН од 1970 година, чиј потписник е и Албанија.
„Уште еднаш ќе ја искористам приликата да изразам благодарност до сите стручни лица од Министерството за култура од нашата држава, од Албанија, на двајцата министри за култура, на Управата за заштита на културното наследство на Северна Македонија, на МАНУ, Националниот конзерваторски центар, на Завод и Музеј Битола и Завод и Музеј Охрид, за нивната посветеност, професионалност и стручност за враќањето на ова наше културно наследство.
Сакам да ве информирам дека се идентификувани уште икони кои се во текот на изминатите децении украдени од Македонија и во моментов се работи на соодветни анализи кои ги прават стручните лица и во текот на наредниот период повторно ќе биде спроведена постапка за нивно враќање во нашата држава. Огромна благодарност и за колегите од Албанија за синхронизацијата со македонските институции за враќање на иконите во Северна Македонија. Голема благодарност до сите, честитки уште еднаш за оние кои работеа на овој долг и макотрпен процес којшто беше започнат во 2018 година, но интензитетот го доби во 2020 година и во последните две години беа направени сите формалност, но и физички активности во Албанија и сакам да им честитам на сите кои учествуваат. А на нашите верници и сите оние кои доаѓаат во нашата држава да им овозможиме да го видат ова големо, светско културно историско наследство“, истакна премиерот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

