Македонија
Ковачки: Дрин Ахмети е најпосакуван бизнис-партнер, други плаќаат за да им биде ортак, Владата му дава концесии, зарем ЈО мисли дека без Али Ахмети тоа е можно?
Дрин Ахмети со вчерашното признание дека презеде 39 % од сопственоста на деловниот центар „Соравија“, без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети дека тој лично стои зад целата оваа зделка, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
„’Тор нидустриес’ на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, е фирма која е основана во 2020 година, таа не прикажува профит, напротив, работи и со загуба. Истата оваа фирма, сега заедно со албанската ‘Певлаку ШПК’, го презеде деловниот центар ‘Соравија’ и наместо со паричен влог, фирмата партнер од Албанија е таа што плаќа, а младиот Ахмети добива 39 % затоа што е млад и има убав поглед кон иднината. И како таков треба да го менаџира деловниот центар. Кога си внук на Али Ахмети, покрај тоа што други фирми плаќаа за да ти бидат партнери, и Владата ти дава милионски бизниси, министрите од ДУИ се редат за да гласаат за тебе“, рече Ковачки.
Додаде дека на 14.5.2019 година на седница на Владата, на која биле Бујар Османи и Крешник Бектеши, е донесена одлука да се даде концесија за изградба на мала хидроцентрала на ‘Еверест ЏД’ на Дрин Ахмети кога младиот претприемач имал само 21 година. Концесијата е на 23 години, а предвидената хидроцентрала треба да биде со моќност од 387 KW. За да се направи таква хидроцентрала, потребни се 1,2 милиона евра, вели Ковачки.
„Гледајќи како функционира Дрин Ахмети, сигурно некоја банка одлучила во целост да ја покрие инвестицијата на 21-годишникот.
ЈО и органите на прогонот треба да отворат истрага веднаш. Како 25-годишниот внук на Ахмети влегува во милионски бизниси, без вложен денар? Дали за тоа му помогнала функција на чичко му? Дали Ахмети тргувал со влијание за младиот Дрин Ахмети бесплатно да добие 39 % сопственост на 30-милионскиот деловен центар ‘Соравија’? Дали Али влијаел за Дрин да добие концесија за хидроцентрала и потоа и да ја изгради?
Внукот на Ахмети очигледно е најпосакуваниот бизнис-партнер во Македонија, за тој да влезе во бизнис, не плаќа, туку други плаќаат за него.
Секој граѓанин, но и ЈО и истражните органи, треба да си дадат пред себе одговор на следното прашање. Дали кој било друг бизнисмен од Македонија или каде било во светот ќе добие 39 % од некоја милионска луксузна недвижност, без да плати за тоа ниту еден цент, само затоа што има претприемачки дух?
Сите добро го знаеме одговорот на ова прашање. Одговорот е не! Токму затоа непостапувањето од страна на ЈО и на истражните органи ќе значи нивна вмешаност, но и ќе остане запаметено како најподаничкото однесување на ЈО и одлика на заробената држава од страна на ДУИ и на СДС.
Сите инволвирани треба да знаат дека за ова одговорност ќе има“, рече Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

