Македонија
Ковачки за Законот за служба во АРМ: Власта го покажа своето лицемерие
На 18.4.2022 година по итна постапка, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за измени на постоечкиот Закон за Служба во Армијата на Република Македонија, истакна денеска Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
На 10 мај, потсети тој, на седницата на Собранието на Република Македонија, владејачкото мнозинство тој предлог на Закон да биде ставен како точка на дневен ред го одби.
„Имено, против гласаа и пратениците кои порано биле дел од Армијата на Република Македонија, а тоа се и генералот во пензија Илија Николовски од Партијата на пензионерите и мајорот Талат Џафери кој дури беше и министер за одбрана. Значи поранешните старешини си гласаа против својата војска. Со ова власта го покажа своето лицемерие и покажа дека е против: Решавање на статусот на вработените кои веќе 19 месеци чекаат решение за нивниот статус и заминување во пензија, исправање на неправдата кон веќе заминатите во пензија и кои заминале по понеповолни услови од нивните колеги, помош на професионалните војници со парични средства кои после 45 години ја напуштаат АРМ, департизација на АРМ и враќање на ингеренциите на началникот на Генералштаб што му ги одзема претходниот министер Шеќеринска“, рече Ковачки.
Во услови кога на исток во Европа имаме војна, чиј развој не може да го предвидиме, додаде тој, неодговорно е власта да создава криза во АРМ и е неодговорно да гласаш ПРОТИВ решавањето на статусот на припадниците.
„Нашата пратеничка група не се откажува од изнаоѓање решение за овие проблеми и без разлика што активната блокада на Собранието е започната, денеска врз основа на член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, по скратена постапка, повторно го поднесуваме предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Исто така, бидејќи оваа неспособна и неодговорна власт ја дотера инфлацијата на повеќе од 10% и парите ја губат својата вредност, сакаме да ja информираме јавноста дека како пратеничка група ќе бараме: Зголемување на платите на сите вработени во АРМ и МО за 10% на ист начин како што тоа го бараме за МВР, зголемување на дневницата на 2.000 денари, на ист начин како што тоа веќе го направивме за МВР и безбедносните служби“, посочи пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

