Македонија
Ковачки: Ковачевски ја навреди пратеничката Бети Стаменкоска на сексистичка основа, бидејќи пати од комплекс на ниска вредност
„И денеска се продолжува со понижувањето на македонската демократија, во собранието од страна на нелегитимниот премиер кој што во утринските часови прекинуваше пратеници со дофрлања од место дека многу викале и не можел да ги слуша. Очигледно е дека премиерот деновиве има проблем со вниманието е и не е подготвен да се соочи со аргуиментите на опозицијата. Излегува и чита готови прес конференции“, нагласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки од собраниската говорница.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека во обид за дефокус премиерот навредил негова колешка на сексистичка основа.
„Во обид за дефокус премиерот и денес навреди наша колешка на сексистичка основа а во текот на вчерашниот ден колега го нарече дека е глупи август а се дополни со нова изјава дека бил пион кој што можел да стане кралица, но коњот засекогаш ќе останел коњ. Брука, ова е дно. Обичниот пион на Груби односно на Артан Груби пати од комплекс на помала вредност затоа што не бил на избори и не е избран. Но сепак сака да стане кралица и мисли дека може да ги навредува избраните пратеници“, истакна Ковачки.
Ковачки упати прашање до премиерот до каде се проектите што ги ветувале и зошто нема ниту еден реализирано.
„До каде е гасификацијата на Гостивар, до каде е гасификацијата на Штип до каде е реконструкцијата на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, сте ветиле изградба на старечки дом во Кочани, отворен и затворен базен, изградба на спортска сала, до каде се овие проекти, ветувавте граничен премин Клепало, изградба на пат Берово-Радовиш, ништо не е реализирано ништо од ова што сте го ветиле, новата влада ќе има најкраток век на траење“, нагласи Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворен почесен конзулат на Австрија во Битола
Денеска во Битола беше отворен конзулатот на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски. Конзулатот на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“.
На свеченоста која се одржа се обрати австрискиот амбасадор Мартин Памер, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, конзулот Игор Божиновски и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Градоначалникот Коњановски пред присутните ја истакна важноста на отворањето на уште еден конзулат во Битола, а со тоа и интензивирање на соработката со Австрија.
„Битола од денеска е побогата за уште еден конзулат, сега од пријателската држава Австрија, со што го враќаме епитетот Битола конзулски град“, истакна Коњановски пред присутните гости, дипломатскиот кор, пратеници и други гости.
Со ова Битола има седум почесни и два генерални конзулати.
Македонија
Николоски и Мисајловски во посета на Република Унгарија
Владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт и министерот за одбрана, Александар Николоски и Владо Мисајловски, денеска се во работна посета на Унгарија.
За време на посетата министрите Мисајловски и Николоски остварија средби со главниот советник за национална безбедност, Марцел Биро и со Мате Лога, државен советник во Министерството за национална економија, за економски развој и национални финансиски сервиси.
Денешната работна посета е во насока на зајакнување на меѓусебната севкупна соработка меѓу двете земји особено на полето на одбрана и безбедноста и на економските врски.
Во рамки на денешната посета, како дел од македонската делегација, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со својот унгарски колега генерал Габор Боронди, а државниот секретар во министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова оствари средба со заменик-министерот за одбрана, Тамаш Варга.
Македонија
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„По даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, со што ќе се обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано снабдување со вода за пиење за домаќинствата во Бел Камен“, вели Ѓорѓиевски.
Според него, овој зафат значи сигурно, квалитетно и континуирано водоснабдување за домаќинствата во Бел Камен, чиста вода за пиење во секој дом.
Ѓорѓиевски најави дека по поставувањето на новата водоводна мрежа, ќе следува и реконструкција на улиците.

