Македонија
Ковачки: Косово од регионот, Гана и Руанда на светско ниво, се пред Македонија на листата за перцепција на корупцијата
Кога зборуваме за корупцијата мора да се има во предвид дека таа е рак раната во македонското општество и дека поради неа се разјадува правниот поредок, поради неа се разјадува дури и уставниот поредок. Се губат линиите помеѓу законодавната, помеѓу извршната и помеѓу судската власт, односно таа е причината за бесперспективноста на младите и на генерациите кои доаѓаат и затоа луѓето се иселуваат, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки од трибината во Гевгелија насловна „Борба против корупцијата и криминалот“.
Додаде дека кога се зборува за корупција сака да направи споредба со регионот за да најдобро се разбере на кое ниво Македонија како држава е стигната, правејќи споредба со Косово, која што за наша жал, како што рече, се наоѓа пред нас на листата за перцепција за корупцијата.
„Во делот кога се споредува Македонија со државите од истокот, можам да кажам дека сме послаби дури и од Источен Тимор и од Виетнам. И нај трагично, третата споредба, ние сме послаби како држава, дури и од африканските земји. Тука пред се мислам на Гана, Руанда, на Буркина Фасо, значи едно чудо држави се пред нас на тоа поле. За жал, нашата држава која што е членка на НАТО и претендент за почеток на преговорите со Европската Унија, е далеку од борбата со корупцијата“, рече Ковачки.
Тој додаде дека во нашиот систем имаме тело познато како Антикорупциска комисија, која што е единствена светла точка во борбата со корупцијата.
„Меѓутоа, ајде да погледнеме за каква реализација, односно за каква ефикасност на таа антикорупциска комисија станува збор. Во 2021 година имаме реализација на стратегија на борбата со корупција од 20%. Тоа се поразителни 20% реализација на мерките за борбата со корупцијата, 111 активности предвидени за таа година, реализирани само 22“, потенцираше Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Ако СПАК-от на ДУИ не е само за спектакл, нека побара екстрадиција на Артан Груби од Албанија
ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на локален СПАК (Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја открила Америка. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, прашуваат од ВЛЕН.
„Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи. ВЛЕН го поздравува овој СПАК на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ“, пишува во соопштението.
Ако овој СПАК е сериозен, велат од ВЛЕН, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи.
„Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Фото) Мицкоски објави дека е реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека е завршена реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“.
Како што извести премиерот, проектот опфаќа поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата.
„Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура.
Инвестицијата во износ од 63.537.537 денари е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт. Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој“, пишува Мицкоски.
Македонија
Исчезна Виктор Илиоски од Прилеп, мајката очајна
Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп очајно бара помош за негово пронаоѓање.

Според објавата на социјалните мрежи, трагата му се губи од саботата попладне, околу 14 часот.
Облечен бил во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.

