Македонија
Ковачки: Пендаровски е должен да одговори на граѓаните дали го прифаќа ултиматумот на ДУИ, претседател да се бира во Собранието?

Изјавата во очај на Стево Пендаровски дека ќе загубел во првиот круг на претседателските, меѓутоа дека ќе победел во вториот круг е само алиби за големиот пораз кој му претстои, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
„Вчерашната изјава на Артан Груби дека поддршка односно услов за поддршка и добивање на гласовите на ДУИ за претседател во вториот круг е избор на претседател на држава во Собрание, не е ништо друго освен ултиматум. Стево Пендаровски е должен да одговори на македонската јавност дали го прифаќа овој ултиматум на ДУИ? СДС и Пендаровски се должни да одговорат дали ќе ја погазат волјата на граѓаните, дали ќе дозволат да се избере претседател на држава во Собранието? Очекуваме одговори“, истакна тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и поради ветерот се ширеше со голема брзина кон селото, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Пожарот, како што нагласи Ангелов веќе не претставува опасност за селото, благодарение на пожарникарите од Ресен кои се на лице место но и на локалното население кое дава поддршка.
„Пред малку започна да дејствува еден „ер трактор“ на ДЗС а набргу ќе му се придружи и вториот. „Ер тракторот“ ја пресече линијата на огнот и им помага на силите кои гаснат од земја, да воспостават целосно контрола врз овој тежок пожар кој се закануваше врз неколку села“, подвлече Ангелов.
Македонија
ДОМ: Пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа

Демократска обнова на Македонија изразува револт и разочарување од одлуката на Собранието на Македонија да не ја изгласа предлог-резолуцијата за овозможување непречен влез на храна и медицински средства за цивилите во Појасот Газа.
Ова молчење на македонските пратеници, според ДОМ е потполно недостојно за земја која ја носи традицијата на хуманизам и солидарност од нашите предци.
„Во македонскиот парламент само 16 пратеници ја поддржаа хуманитарната иницијатива, додека сите останати пратеници од владејачкото мнозинство и дел од опозицијата гласаа воздржано или против. Ова не е време да анализираме дали резолуцијата е предложена од опозицијата или од владејачките партии, време е да делуваме со мерки што ќе им помогнат на луѓето во нужда во Појасот Газа“.
ДОМ ја повикува Владата итно да ги активира сите достапни механизми, вклучително и редуцирање на дипломатските односи за да се зголеми меѓународниот притисок врз Израел и да се обезбеди хуманитарна помош за жртвите во Газа.
Според нив, секоја минута молк значи уште изгубени животи на деца, родители, цели семејства кои умираат од глад и болест.
„Зелената партија ДОМ ја нагласува неопходноста од целосна вклученост на сите политички актери во овој процес. Секоја партија и секој пратеник што ќе продолжи да одбива поддршка за хуманитарна резолуција се става на страната на оние што го кршат меѓународното право и човечките права“.
ДОМ, КАКО ШТО НАГЛАСУВААТ ОД ТАМУ, нема да престане да реагира и ќе ги интензивира контактите со меѓународните организации и партнерските зелени партии за да го подигне гласот на македонската демократија и човечност. Ова, како штооценуваат е прашање што ја надминува партиската политика. „Станува збор за живот и смрт и секоја седница на Собранието и Владата, секој политички пресек е морален тест за нашето општество“.
Македонија
Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Маврово – Дебар во двата правци

Поради сообраќајна незгода од 17:50 часот на патниот правец Маврово – Дебар и обратно, кај Ростушки мост, сообраќајот е во целосен прекин, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.