Македонија
(Видео) Ковачки: СДС да се охрабри и да ја поддржи визијата на претседателот Мицкоски за стратегија за Македонија до 2050
Македонија има потреба од сеопфатна стратегија за правецот во кој ќе се движи во наредните децении. Визијата на претседателот Христијан Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година е столб кој мора да не обедини како општество. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да ги напушти теснопартиските интереси и да го прифати предлогот на претседателот Мицкоски. Важно е како опозиција да покажат конструктивност и чувство на одговорност кон државата, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ги повикуваме СДС да се произнесат. Визијата на претседателот Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година ги опфаќа приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели и како да се стигне до нив, земјоделски и технолошки развој, енергетски и транспортен развој, подобрување на животната средина, образование и здравство во тек со светските достигнувања. Македонија има потреба од нова парадигма, која ќе ја внесе државата во новото време.
Ние не смееме да заостануваме кога се’ во светот се менува, а научните и економски процеси забрзано се развиваат. Македонија не смее да биде заложник на нечии теснопартиски интереси, ниту пак да биде монета за поткусурување на нечии политички кариери. Интересот на државата и на генерациите кои доаѓаат после нас мора да биде врвен приоритет. Тоа може да се оствари само со една сеопфатна стратегија, која ќе го трасира патот за развој на државата, каде граѓанинот и неговиот интерес ќе бидат јадрото“, вели Ковачки и дополнува:
„СДС да излезат од својата деструктивна матрица во која се затворени со години, и да покажат конструктивност и одговорност, затоа што потоа нема да имаат можност со ништо да се оправдаат пред идните генерации. Имаме одговорност како генерација да ја унапредиме државата и да овозможиме подобра стартна основа на генерацијата после нас, од таа што сме ја имале ние. И нека тоа биде императив за секоја идна генерација, така Македонија ќе биде секогаш држава која расте и се развива. Претседателот Мицкоски отвори дебата, ги повикуваме сите чинители во општеството да се вклучат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Превозниците вечерва ја прекинуваат блокадата на границите
Вечерва во 20:00 часот ќе биде прекинат протестот на граничните премини за тешки товарни возила, информира АМСМ.
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка. Појава на магла и намалена видливост на планинските премини: Плетвар до 50 метри, Пресека до 100 метри и Стража до 150 метри.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Муцунски и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, разговараа за предизвиците на превозниците
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Фокусот на разговорот беше ставен на актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес, соопштија од Министерството.
„Соговорниците разменија мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија“, се наведува во соопштението.
Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, министерот Муцунски ја потврди јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.
Македонија
Гаши на средба со австрискиот амбасадор
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на денешната средба со амбасадорот на Република Австрија ги истакна пријателските односи помеѓу двете земји и се заблагодари за подршката на Австрија на интегративниот пат на нашата земја во Европската Унија.
Амбасадорот Памер, во контекст на одличните односи помеѓу двете држави, го информираше претседателот за проект кој ќе го унапреди културното поврзување меѓу двете држави. Амбасадорот истакна дека за вакви големи проекти е потребна поддршка од највисоките институции, вклучително и од Собранието.
Претседателот истакна дека ги поддржуваа проектите кои ја унапредуваат соработката и ги продлабочуваат односите на билатерално ниво и оттука Собранието е на располагање да го поддржи проектот.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните политички случувања кај нас и во светот, како и за процесот на европската интеграција.

