Македонија
Ковачки: Славјанка Петровска го наследи трулиот систем на Шекеринска и во истиот добро се вклопи
Министерот за одбрана, Славјанка Петровска, во стилот на нејзината претходничка Шекеринска, ја лаже и јавноста и војниците, истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерката да им каже на старешините и војниците дека платите според Законот што го изгласавме во Собрание и дека треба да се зголемат до 9.000 денари, а не само 2.000 денари. Нејзините акробации со измена на вредноста на бодот во МО во моментов има 38 вредности на бодот, се противзаконски. (!) Во врска со модернизацијата, нека и’ каже на македонската јавност дали има обука со новата опрема што пристигна или цели 6 месеци и’ служи само за сликање? Нека каже министерката кога ќе собере храброст министерката да каже до каде е истрагата во МО за давањето и примањето на мито што според неа ја отвориле уште во февруари и дали најповиканиот за гонење на овој вид криминал ќе го награди со 4000 евра месечна плата во Брисел затоа што го покрил криминалот за кој требало да постапува? Нека каже министерката како е можно на мировна мисија надвор од државата, на мировни мисии да се испраќаат единици без болничар, или со помалку стрелци затоа што на нивно место по налог на министерката заминале лица-котлари? Свесна ли е Славјанка Петровска дека на тој начин, лично таа ја нарушува борбената готовност?“, прашува Ковачки.
Славјанка Петровска, додава тој, го наследи трулиот систем на Шекеринска и во истиот добро се вклопи.
Оценува дека со отсуство на чувство за одговорност, кадрите на СДС ја симнаа одбраната на најниското скалило на функционирање.
„Многу брзо ќе се сменат работите, а одбраната ќе ја довериме на лица кои ја разбираат и кои ќе го подбрат стандардот на војниците и ќе се борат македонската војска да биде достојно ниво како НАТО членка – така како што доликува“, подвлекува Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

