Македонија
Ковачки: Судскиот совет стана полигон за партиски инсталации и алатка за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ
„Нашата држава, нашите институции и пред сè нашите граѓани заслужуваат правосуден систем што ќе биде симбол на правдата, транспарентноста и владеењето на правото. Судскиот систем мора да функционира како независен столб на демократијата, ослободен од политички, економски и било какви други влијанија што би можеле да ја компромитираат неговата основна мисија заштита на правата на граѓаните и обезбедување правична и ефикасна правда. Наместо да биде инструмент во рацете на моќниците, судството мора да биде гарант на правниот поредок и силен браник против злоупотребите и корупцијата“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната пленарна седница во Собранието.
Ковачки продолжи и додаде:
„За жал, сведоци сме на долгогодишни системски слабости, судски скандали и институционални неправилности кои сериозно ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем. Наместо да се гради правна држава во која сите се еднакви пред законите. Се почесто гледаме дека одредени структури уживаат заштита од одговорност додека обичниот граѓанин се соочува со бавни, неефикасни и често неправедни судски процеси“.
Ковачки потенцираше дека Судскиот совет стана полигон за партиски инсталации и алатка за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ.
„Павлина Црвенковска во минатото беше шеф на кабинет на поранешниот премиер Владо Бучковски, не треба да се заборави дека Бучковски не беше само премиер, туку беше лидер и на СДСМ што недвосмислено покажува дека Црвенковска е длабоко вкоренета во партиските структури. Ова значи дека нејзиното дејствување во Судски совет не е резултат на стручност или независност, туку на политички договори и долгогодишни релации со партијата што ја поставила на одговорна позиција. Нејзиниот избор кој очигледно беше политички мотивиран ја донесе во Судскиот совет иако немаше ниту еден ден судиско искуство иако можеби тоа не е формално незаконски во суштина претставува понижување за долгогодишните судии кои ја градат својата кариера со труд и посветеност, надевајќи се дека еден ден токму поради нивната професионалност ќе бидат дел од ова тело. Наместо нив, на клучни позиции доаѓаат лица со партиски или други заслуги што само ја потврдува заробеноста на судството и клиентелистичкиот систем кој го уништува интегритетот на правосудните институции“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

