Македонија
(Видео) Ковачки: Талат Џафери и ДУИ на државен трошок примаат партиски гости, парадираат во кафеани и на собиранки
„Два дена премиер Талат Џафери, два дена парадирање наместо работа. Ако првиот ден Џафери со паркирани службени возила го чекаа пред кафеани на плоштадот во пешачката зона, вториот ден тој отиде на прослава организирана по повод неговата функција во Форино“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„И додека Џафери парадира, СДС и Ковачевски мора да молчат затоа што тие го изгласаа во Собранието. СДС и Ковачевски свесно им ја препуштија целокупната власт на Талат Џафери и на ДУИ.
ДУИ со 15 пратеници има премиер, а СДС со 40-ина едвај 5-6 министри. Ковачевски го продаде СДС, си ги продаде и сопствените пратеници за ден повеќе власт со криминалците од ДУИ.
Колку е ДУИ криминогена и корумпирана се гледа од најситни детали, како возење странски новинари, партиски гости на државен трошок, со државни возила од министерствата со кои управуваат нивните кадри, преку користење на просториите на институциите за приватни забави и собиранки, па сè до милионските тендери за нивниот партиски донатор „Еуровија“. ДУИ е криминал и корупција од најниско до највисоко ниво.
Ваква разуздана ДУИ немаше да беше можна без сервилниот Ковачевски, кој се водеше според менторствата на ДУИ.
Ковачевски е причината за сите уназадување на Македонија во последната година, матните зделки, криминалите, корупцијата, недовербата во судството и партизираноста. Ковачевски е причината поради која државата секој ден сè повеќе ја губиме. Никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации
По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.
„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.
Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.
А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.
Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.
Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.
Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.
Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

