Македонија
Кога ќе завршат тужењата помеѓу роднини, ќе се продолжи со експропријација за мостот во Аеродром да не води до дворови, тврди Арсовска

Кога ќе заврши поврзувањето помеѓу општините Аеродром и Гази Баба, зависи од судските постапки за имотно-правни спорови кои си ги водат граѓаните што треба да ги експроприраат имотите. Ова на прес-конференција го посочи скопската градоначалничка Данела Арсовска. До тогаш, мостот „Михајло Апостолски“ кој е целосно завршен нема да биде ставен во функција. Арсовска се надева дека сите предмети ќе добијат епилог до крајот на годината.
„Завршивме голем дел од објектите кои беа за експропријација. Таму проблемот е што имотните-правните односи не се само во експропријацијата, туку има голем дел и од правните спорови што се меѓу роднини и пријатели, кои се по судови. Се надеваме дека во најкраток рок ќе бидат завршени. За нас најважно е дека повеќе од 70 отсто од тоа што не е реализирано, а голем број од тие 275 објекти што беа нереализирани односно не експроприрани е завршено, така што овие 30 проценти се надеваме дека годинава ќе ги завршиме, ако имаме исход на судските постапки кои ги имаат граѓаните“, посочи Арсовска.
Додека не заврши процесот на експропријација, жителите нема да добијат скратен пат од една во друга општина. Проектот е во трета фаза од реализацијата. Мостот засега само надвиснува над куќите во Ќерамидница и води во приватни дворови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.