Македонија
Колеџот Јахја Кемал стана тестинг-центар за дигитални вештини
Без разлика дали учениците и студентите слушаат музика или прават слики, купуваат или комуницираат, дигиталните вештини се важен составен дел на нивното секојдневие. Основните дигитални вештини им овозможуваат користење дигитални уреди, софтвер, апликации, како и алатки што им помагаат да користат и креираат информации. Спектарот на способности што треба да го демонстрираат налага поголемо ниво на подготвеност. Истовремено тие способности треба да бидат мерливи и валидирани со нешто што може лесно да се докаже и препознае, а тоа е сертификацијата.
Сертификацијата што се наметна како нов стандард во светски рамки на голема врата е прифатена и од Yahya Kemal College ( Скопје, Тетово и Струга). Yahya Kemal College од денес официјално стана тестинг-центар за дигитални вештини во соработката со Certiadria, официјален партнер на американската компанија Certiport, застапник на правата за сертификација на Microsoft, Adobe и Autodesk, како и други светски брендови.
За сите ученици на Yahya Kemal College (Скопје,Тетово и Струга) достапна е новата интегрирана платформа full path solution, learn, practice, certify, што значи дека учениците ќе имаат можност да ги проверат своите дигитални вештини, да ги надградат и да ги валоризираат.
Напредокот во секое општество се постигнува преку колективна свест, а тоа подразбира решителност за имплементација на вистинската стратегија! Сертификацијата претставува валидација на вештини, потврда на знаењето, издвојување од останатите, лесен пристап на пазарот на трудот. Во насока на успехот и можностите од истото говори и фактот од спроведеното истражување! Како поддршка на ова, во дополнително истражување каде менаџерите за регрутирање кадри во рамките на Microsoft-групацијата се изјасниле дека дури 91% од сите вработувања во рамките на групацијата, сертификацијата ја земаат предвид при вработувањето и регрутирање кадар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

