Македонија
Колумна на Живко Груевски: „Еуромакс oдлучно против рудниците на смртта!“
И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале.
Еуромакс Ресоурцес е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; против небезбедни брани за течни јаловишта, загадување на надземните и подземните води, дополнителни загадувања на плодните почви и воздухот; против застарено и неконтролирано користење на експлозивни материи, неподнослива бучава и неконтролирано создавање на облаци од прашина; Еуромакс е против принудно дислоцирање на постојни живеалишта и раселување на регионалното население, девастирање на природата и животната средина по истек на периодот за активна експлоатација… Да, ние сме одлучно против сите форми на шпекулативни и коруптивни договори помеѓу политичко-економски структури, секој вид на политичко влијание и притисок врз независните судски органи; против разни структури-странски служби, конкурентски бизнис компании или политички партии кои за своите лукративни интереси финансираат формирање и активности на лажно загрижени „граѓански активисти“ чија добро платена задача е да шират дезинформации и шпекулации. Тие злонамерно креираат хистерија и страв од катастрофични сценарија што треба да резултира со комплетен застој и назадување на државата, деструкција и економски колапс, континуирана политичка нестабилност и подгревање на целосната недоверба на граѓаните во капацитетите на системот, во секого, во се и сешто…. Токму затоа, ние сме апсолутно против сите форми на користење говор на омраза, сеопшти повици за радикален бунт и линчување на неистомислениците, против сите агресивни националистички изблици на етничка и религиозна дискриминација.
За жал, морам да констатирам дека во изминативе пеколно топли денови во нашата држава, со неподносливо болна леснотија и со нагласено дилетантска трагикомичност кулминираа хистерично на отворена сцена поголем дел од горенаведените зла.
Ваквата енормна доза на негативна енергија и фрапантна површност и неодговорност кај мноштвото на овие актери, само ја засилија мојата лична посветеност за аргументирано презентирање на ВИСТИНАТА за мега-Проектот, рударскиот комплекс Иловица-Штука.
Да, сите ние од Еуромакс Ресоурцес недвосмислено сме одлучни ЗА реализација и долгорочно функционирање на рудникот за Подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш!
Современиот рударски комплекс Иловица-Штука е стручно проектиран и ќе биде менаџиран по сите највисоки светски стандарди со примена на најнови техничко-технолошки методи и потврдено добри практики. Приоритетно се залагаме за целосно безбеден и еколошки одржлив индустриски капацитет со огромни придобивки за економијата, раст на извозот во просек над 200 милиони евра годишно, значително зголемени приливи на девизни средства што ќе придонесе за подобрување на структурата на билансот на плаќање и одржување на стабилниот курс на денарот, раст на БДП со приближно 4% годишно…. Веднаш во првите две години од изградба, Еуромакс ќе инвестира околу 350 милиони евра, од кои над 180 милиони евра ќе бидат исплатени на домашни компании кои активно функционираат во сектори како градежништво, транспорт, механизација, опрема, информатичка технологија итн. Во текот на целиот период од оперативното работење на рударскиот комплекс ќе се исплаќаат кумулативно по 75 милиони евра секоја година на повеќе локални кооперанти за тековно одржување, снабдување со неопходни производи и разни сервисни услуги. Зборуваме за најширок опфат на домашни компании кои се занимаваат со земјоделство и прехрамбена индустрија, угостителство, текстилна, хемиска и дрва индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање… Во согласност со актуелните законски прописи секоја година ќе се уплаќаат приближно од 25 милиони евра во државниот буџет, а над 3 милиони евра годишно ќе се слеваат директно во буџетите на локалните управи на оштините Босилово и Ново Село. Само вака реално ќе се обезбеди стабилно финансирање на локалните управи за да ефективно се реализираат нивните дефинирани проекти за заштита на животната средина, водоснабдувањето, локалната инфраструктура, поддшка на земјоделството, реновирање и изградба на нови училишта, културни и спортски објекти.
Затскриени под маските на граѓанскиот активизам, добро платените кочничари на развојот упорно манипулираат со јавноста. Се обидуваат да ја игнорираат реалноста дека само богати и економски развиени земји можат ефикасно и приоритетно да инвестираат во заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето, во образованието, културата…. или воопшто во креирање на квалитетни параметри за достоинствено и среќно живеење.
Рударскиот комплекс Иловица-Штука ќе создаде потреба од околу 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии, со што значително ќе се помогне на нашата држава за ефикасно намалување на долгогодишниот девастирачки тренд на економски мотивираната миграција. Секој рационален човек знае дека за да се постигнат подобри и повкалитетни животни услови и атрактивни перспективи за младите генерации, не се доволни само декларативни заложби. Неопходни се конкретни акции и дела. Само големи инвестициски проекти, отворање на нови капацитети во реалното стопанство, производство и извоз, можат брзо да создадат позитивни промени и напредок.
Јасно и прецизно – сите ние од Еуромакс Ресоурцес сме одлучно против рудници на смртта, но уште поодлучно ЗА Проектот Иловица-Штука како современ рудник за подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш!
Колумна на д-р. Живко Груевски
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

