Контакт

Македонија

Колумна на Живко Груевски: Наместо вистински „патриотизам“, дежурните кочничари на развојот упорно ни нудат евтин „моронизам“!

Објавено пред

Големите луѓе зборуваат за визии, стратегии, акција и дела… просечните луѓе анализираат и коментираат актуелни настани и случувања, а малите луѓе, ееех тие „малите“ се занимаваат, оговараат и расправаат само за делата на другите луѓе!

dobivaj vesti na viber

Патриотизам сигурно не е кога и во 21 век, неколку фрустрирани и лажно загрижени ликови запенавено врескаат  дека се спремни дури и да „умрат“ за своите сожители и за својата земја… Вистински искрен патриотизам чувствуваат и манифестираат само оние кои се спремни да „ЖИВЕАТ“ за доброто на своите сограѓани и за државата, но и да ЖИВЕАТ во својата држава!!!

Оние првите квазипатриоти, некако перверзно уживаат само да констатираат негативности, целосно да ја елиминираат другата страна на вистината и да бидат радикално „анти-против“ критикувајќи буквално с  и сешто. За нив сите политичари (од власта и од опозицијата) и судиите од релевантните судови, се превртливи и корумпирани играјќи ,,пинг-понг”(?) под притисок на клетите странски и домашни инвеститори (???) Единствена цел на нивната пропаганда со популистичка реторика е да оцрнуваат, да плукаат, да стигматизираат и да создаваат апокалиптична психоза на страв од општа катастрофа. Тука посебно се гласни оние неколкумина добро платени „политичари-активисти” од профитната дружина која се нарекува „Здрава котлина“. Тие како во транс ги повторуваат небулозите од типот на „рудник на злото и смртта, труење со цијанид и токсични хемикалии, екогеноцид…“ Странскиот инвеститор со неподнослива леснотија и дилетантизам го прикажуваат како некаква сатанистичка или терористичка организација. Со безочни манипулации и непримерен говор на омраза им се закануваат и јавно со најпогрдни зборови ги жигосуваат мноштвото нивни сограѓани, невладини и граѓански здруженија, културно-уметнички и спортски друштва, кои размислуваат слободно за својата иднина и делуваат различно од нив. Зборувам за стотици добри и вредни семејства и локални организации од Струмичкиот и под Огражденскиот Регион, кои во изминативе месеци се директни корисници на грантови, донации и спонзорства кои Еуромакс и Групацијата „Трафигура“ благородно ги овозможија како дел од кампањата за општествена одговорност со рамковен буџет до 1 милион евра – „Со акција и дела за подобар живот сега и веднаш!“

Драги пријатели, искрените патриоти се исполнети со позитивна енергија и со лична акција и дела даваат максимум од своите интелектуални и професионални капацитети. Вистинските патриоти не дозволуваат во нивните срца и мисли да се вгнезди и да надвладее негативизмот и песимизмот. Тие не прифаќаат „живот во темнина“ и секогаш се подготвени активно да се соочат и да се справат со сите предизвици, внесувајќи ентузијазам и посветеност за да ги трансформираат проблемите во решенија и можности.

Големите луѓе зборуваат за визии, стратегии, акција и дела… просечните луѓе анализираат и коментираат актуелни настани и случувања, а малите луѓе, ееех тие „малите“ се занимаваат, оговараат и расправаат само за делата на другите луѓе!

Ми требаше време за да разберам дека една ваква група „мали“ луѓе , всушност ништо не знаат суштински за нашиот Проект „Иловица-Штука“ и не се ниту свесни колку тоа не знаат, а што е уште пострашно очигледно не ни сакаат да дознаат… но, и покрај сè тимот на Еуромакс и понатаму безрезервно и транспарентно ќе ја споделува со сите нив нашата позитивна енергија, секогаш со подадена рака подготвени за конструктивна комуникација и соработка. Говорот полн со омраза, лаги и манипулации води само кон пролонгирани страдања и колективно назадување, а говорот со толеранција, безусловна љубов и разбирање – води кон прогрес и општо добро. Ние одамна сфативме дека една омраза не може да се неутрализира со друга омраза туку само со позитивност, затоа што комбинираната омраза има застрашувачки капацитет да уништи сè околу себе.

Актуелнава глобална пандемија со разорни здравствени, економски, енергетски и инфлаторни последици, на сите ни удри „шлаканица“ за освестување покажувајќи ни дека не смееме да си дозволиме таков „луксуз“ и пасивно да чекаме бурното невреме да помине, туку активно да се потрудиме и научиме да „играме“ и на поројниот дожд и силниот ветер. Реалноста на животот повремено наликува на машина за перење облека која те превртува, полива со вода, те гмечи и удира – но на крај од „програмата“ излегуваш почист, поцврст и поискусен за да можеш успешно да се справуваш со старите и нови предизвици. Во ваквите кризни времиња пасивноста, игнорантноста и деструктивноста со својата „мртва тежина“ нè притискаат и се всушност најголема неправда кон сите нас. Додека ние и понатаму упорно пимпламе со односот кон нашата колективна иднина, развиениот свет незапирливо оди напред и постојано се менува. Тоа наметнува неопходност од развиени способности на адаптабилност за да ги препознаеме и прифатиме „промените“ како МОЖНОСТИ… да успееме да управуваме со промените и преку нив да реализираме прогрес и поквалитетни услови за достоинствено живеење.

… И додека ги пишувам овие редови, на радио оди “It’s the most wonderful time of the year” (Andy Williams) или, пак, на нашиот македонски јазик „Ова е најубавиот период од годината“, познат наслов на една од најпопуларните наменски евергрин песни за божиќните и новогодишните празници. И да, во голем дел од светот ова е навистина најпразничниот, највеселиот и најблескавиот период од календарската година. Преовладува позитивна енергија, благородна мисла и пријатни моменти на искрена и среќна дружба со фамилијата, со пријателите, со колегите… време за широки насмевки, прегратки и споделување безусловна љубов со сите добри луѓе околу нас. Сите со возбуда гледаме во иднината која е прострена пред нас како бескрајно долг пат вечно прекриен со свежо паднат чист бел снег. Драги мои, да продолжиме понатаму по патот на иднината, внимателно, мудро, но храбро и одважно знаејќи дека секој наш чекор ќе остави видливи траги во снегот…

Автор на колумната е д-р Живко Груевски од „Еуромакс ресоурцес“

(ПР-текст)

Македонија

Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност

Објавено пред

Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.

„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.

Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.

„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население

Објавено пред

СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.

dobivaj vesti na viber

„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Објавено пред

„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.

dobivaj vesti na viber

Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.

„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.

Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.

„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.

Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија5 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија9 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија10 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија11 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија12 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ13 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија13 часа

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Култура16 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа16 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет17 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа17 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа18 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет18 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија1 ден

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија1 ден

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија1 ден

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија1 ден

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија1 ден

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...