Македонија
Комисијата против дискриминација: Среќен 8 Март? Земјоделките без платено породилно отсуство
Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата оваа година, на чествувањето на Меѓународниот ден на жената, информира за донесено мислење со кое се утврдува индиректна, продолжена, интерсецкиска дискриминација врз индивидуалните земјоделки – осигуренички врз основа на пол, род, личен статус и припадност на маргинализирана група во остварување на правото од областа на здравственото осигурување – право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство.
Постапката беше иницирана по поднесена претставка од Мрежата за заштита од дискриминацијата и „ЛАГ агролидер“, а како дискриминатор во случајот се утврдува Министерството за здравство на Република Северна Македонија како предлагач на Законот за здравственото осигурување.
Со цел решавање на овој системски проблем, Комисијата на Министерството за здравство му препорачува да подготви измени и дополнувања во Законот за здравственото осигурување, така што ќе предвиди право на надоместок за време на привремена спреченост за вршење на земјоделската дејност поради бременост, раѓање и мајчинство за индивидуалните земјоделки како здравствени осигуренички.
Платеното породилно отсуство претставува клучно социјално право на жените, предвидено со Уставот и со меѓународните договори, па оттука државата има обврска да го обезбеди ова право за сите жени осигуренички, без исклучок.
Во 2022 година Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата постапуваше по вкупно 65 претставки во кои пријавените основи за дискриминација се полот и/или родот, а по 22 од овие претставки, Комисијата утврди дискриминација врз основа на пол и/или род. Овие податоци само ја нагласуваат континуираната потреба, Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата да игра важна улога во промовирањето на половата и родовата еднаквост и борбата против дискриминација врз жените, особено жените од маргинализираните групи.
„Со оваа порака ја нагласуваме тековната борба за родова еднаквост и потребата за справување со системската дискриминација врз жените во сите општествени области. Од друга страна, со подигање на свеста за овие прашања се стремиме кон градење поправедно и порамноправно општество за сите.
Нека оваа објава послужи како потсетник за нужноста од активна и реална, а не само декларативна заложба од сите државни институции и активни фактори во борбата за родова еднаквост и важноста од поддршката и зајакнувањето на жените во сите општествени области од животот“, велат од Комисијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.