Македонија
Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од таму велат дека не се во можност да се произнесат за целата ситуација затоа што не располагаат со релевеантни информации ниту од страна на судот ниту од страна на верската заедница.
„При настапот пред медиумите сношти по одржаната вонредна седница на ријасетот на ИВЗ, господинот Реџепи во дел од својата изјава го обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, дека е вмешан во последните случувања во Исламската верска заедница. Обвинувања и навреди беа упатени и за заменик-директорот на Комисијата, Зеко Абази. Иако на целата јавност ѝ се познати некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ“, велат од Комисијата.
Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво, додаваат од таму, нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации, а ова беше непримерен чекор за изнесување клевета.
„Не сме во можност дури ниту да се осврнеме и да произнесеме став во однос на предметните случувања бидејќи не располагаме со соодветни релевантни информации ниту од страна на Судот, ниту од страна на верската заедница. За настанот сме запознаени само преку медиумите. Се работи за внатрешни прашања на верската заедница, за кои апелираме да се решаваат со взаемно разбирање, во согласност со позитивно правните прописи и во интерес на верниците“, се вели во соопштението од Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

