Македонија
Комплетно реновиран одделот за интензивен рехабилитациски третман за деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања
Министерството за здравство соопшти дека одделот за интензивен рехабилитациски третман каде што се третираат деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања е комплетно реновиран. Како што се наведува, во одделот на околу 250 м2 е обновен подот и сите кабинети се опремени со комплетно нов мебел. Воедно, опремен е и кабинетот за рана развојна интервенција каде што за првпат се опфаќаат деца од 0 до 3 години.

За работа на овој кабинет набавени се стандардизирани тестови за рана развојна проценка. Логопедот кој работи во овој кабинет посетуваше обука за работа со родители во организација на Светската асоцијација на логопеди. Со децата во овој кабинет работат логопед, дефектолог и психолог.

Пуштен е во употреба и кабинетот за ВАТ терапија (виброакустичка терапија), каде се користат ниските фреквенции на изговорените гласови до 140 херци и се користи за третман на сензорни дисфункции. За спроведувањето на оваа терапија набавена е целокупната потребна опрема и спроведена е едукација за примена на оваа метода.

„Навистина посебно ми е драго што се дава акцент на ваквите центри и се подобруваат условите за третирање и пристап кон децата со нарушувања од аутистичниот спектар, како и со комбинирани развојни нарушувања. Оваа ситуација не само што ги подобрува условите за пристап према овие пациенти, туку и влијае на подобрување на целокупниот здравствен систем, како една од важните гранки во здравствениот систем. Покрај реновирањето на одделот за интензивен рехабилитациски третман за деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања во Заводот за слух, говор и глас, се пушта во употреба комплетно опремениот и кабинет за рана развојна интервенција кадешто за првпат се опфаќаат деца од 0-3 години. Воедно, логопедот кој работи во овој кабинет е посебно обучен за работа со родители и сето ова е во организација на Светската асоцијација на логопеди. Со децата во овој кабинет работат логопед, дефектолог и психолог.

Министерството за здравство во соработка со Министерството за труд и социјална политика во континуитет работи на изнаоѓање решенија за одржливост на овие услуги и очекуваме дека ваквите центри ќе бидат пример и ќе отворат можности за отворање слични центри за лицата со попреченост, за полесен пристап до услугите кои им се потребни”, посочи министерот Филипче.
Во декември 2019 година се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар во Општата болница во Охрид со поддршка од бугарската амбасада и Здружението „Во мојот свет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.

