Македонија
„Комунална хигиена“: Градежниот отпад не смее да се фрла во контејнерите
Во општината Ѓорче Петров екипите на ЈП „Комунална хигиена“ регистрираа големо количество градежен отпад фрлен во контејнерите поставени на улицата Црвена армија, во близина на стадионот. Од јавното претпријатие потсетуваат дека според Законот за јавната чистота, отпадот што се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на живеалиштата граѓаните не смеат да го фрлаат во контејнерите поставени на јавни површини.
„Градежниот отпад може трајно да ги оштети садовите и специјалните комунални возила и на тој начин да предизвика финансиска штета за претпријатието, но и сериозни проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје“, велат од претпријатието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

