Македонија
Конте: На Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа
На Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите, изјави премиерот на Италија, Џузепе Конте, на средбата со македонскиот премиер, Зоран Заев, во Рим.
„Северна Македонија водена од Заев е пример за сите балкански земји. Со храброст ги решава сите понуди. Има голема подршка од Италија. Благодарение на оваа храброст Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Затоа дозволивме земјата да се зачлени во НАТО. Затоа на Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите“, рече Конте.
Тој додаде дека Италија секогаш ќе биде покрај Северна Македонија. „Ја поддржуваме земјата, поддржуваме одлука за почеток на преговорите. Сакам на вашиот народ, Зоране, да му кажам дека нема да дозволиме да се почувствува несигурен. Се работи за историска грешка што мора да ја исправиме“, рече Конте.
Заев, пак, му се заблагодари на италијанскиот премиер за поканата за посета на Рим.
„Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом“, напиша Заев на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

