Македонија
Конференција „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“
Во просториите на Министерството за надворешни работи во коорганизација со Секретаријатот за европски прашања и Кабинетот на Премиерот, се одржа конференција на тема „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“ на која воведни обраќања имаа Калинка Габер, државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања, и Геновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за пристапни преговори и соседска политика, а пред присутните своите искуства и добри практики ги разменија Бојан Маричиќ, главен технички преговарач, Андреј Енгелман, поранешен член на преговарачкиот тим на Република Словенија, Владимир Атељевиќ, член на преговарачкиот тим за Поглавја 30 и 31 од Република Србија и Драгана Марковиќ, советник на главниот преговарач на Црна Гора.
„Имајќи предвид дека Република Македонија влегува во последната фаза од процесот на европска интеграција, односно почнува со подготовките за пристапни преговори, моментот на одржување на оваа конференција не можеше да биде поподобен, имајќи го предвид фактот дека неодамна ги исцртавме контурите на преговарачката структура, но и дека деновиве интензивно се подготвуваме за првиот објаснувачки скрининг за поглавјето 23 кој ќе се одржи идната недела во Брисел“ – потенцираше државната секретарка Габер во воведот од своето обраќање пред присутните.
По усвојувањето на заклучоците на јунскиот Совет на ЕУ, потврдени од Европскиот совет со кои се определува јасна можност за почеток на пристапните преговори во јуни 2019 година, Република Македонија влегува во следната фаза од нашите односи со Европската Унија, а тоа е процесот на скрининг, што воедно претставува логична последица на сите случувања од изминатава година и половина кога Владата покажа конкретни резултати во спроведувањето на реформите и затворањето на отворените внатрешни прашања како внатрешно така и со соседите.
Во овој контекст, Владата ќе остане фокусирана на итните реформски приоритети преточени во План 18, покажувајќи дека има политичка волја и административен капацитет да го задржи реформскиот моментум и да ги убеди земјите членки на ЕУ, особено оние кои имаат одредени резерви, дека во јуни 2019 година заслужуваме датум за почеток на пристапните преговори.
„Eропската интеграција е стратешка цел на земјата уште од времето на нејзиното осамостојување. Тоа е цел што е безусловно поддржана од сите политички партии, сите општествени чинители и што е најважно од граѓаните на Македонија – со еден збор членството во ЕУ е најјакиот кохезивен фактор и главна движечка сила која нè обединува по сите основи што за една мултиетничка и мултиконфесионална земја, со специфична географска местоположба, е повеќе од политичка флоскула – истакна Габер.
Европските интеграции не се магично стапче. Тие не се нашата панацеа. Апсолутно сме свесни дека мораме да продолжиме да работиме на состојбата на нашата демократија и владеењето на правото, борбата против корупцијата, но и економската и социјална благосостојба. Но, пристапните преговори ни даваат смисла и цел. Затоа ни требаат – заради тоа што на тој начин реформите ќе бидат канализирани низ јасен и прецизно дефиниран процес на таргети, контрола и испорака. Преговорите ќе бидат своевидно признание за нашата зрелост – како за внатрешните постигнувања на реформската агенда, така и за значајните достигнувања на нашата надворешна политика, особено на планот на добрососедските односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

