Македонија
Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност, велат од СДСМ

Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат, велат од СДСМ.
Според опозициската партија владата функционира само кога треба да се договорат како да ја партизираат државата и делат привилегии, за се друго е целосно нефункционална.
„Наместо да владеат во интерес на народот, тие го блокираат напредокот, ги одложуваат реформите и создаваат атмосфера на неизвесност и поделеност.
Граѓаните очекуваат мерки за справување со скапиот живот, очекуваат повисоки плати, проекти, а тие се расправаат преку медиуми. Ова ја потврдува реално нивната неспособност.
Воопшто не е важно дали конфликтот е реален или не, тој на крај резултира со слаба Влада која ги злоупотребува чуствата на граѓаните.
Овие конфликти внатре во Владата и постојани јавни препукување не се непознати, тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во цел мандат“, оценуваат од СДСМ.
Како што нагласуцваат од СДСМ, во јавност се караа на маса ги делеа бизнисите. Но, додаваат, ВМРО-ДПМНЕ поинаку и не знае да владее освен да одржува некоја тензија постојана што е огромна штета за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот Панче Тошковски ги известил дека ќе ги прими на средба. Измачени од маршот, кој почна пред три часа, тие застанаа пред Министерството.
„Кога ние можевме да дојдеме до тука, ако има храброст, нека излезе тој пред нас родителите. Ние толку голем пат поминавме до тука, нека излезе тој од почит кон нас родителите. Штом не знаеше со автомобилот да дојде пред Собранието, еве ние пеш дојдовме до тука и без душа, и без сила, и без дете. Сакаме да дојде тука пред нас“, рече една од мајките на загинатите и седна на асфалтот пред МВР.
Друга мајка предложи да влезат и да разговараат со министерот сами, како што направија во Обвинителството, но повеќето рекоа дека се исцрпени и чекаат министерот да покаже почит.
Пред Собранието пред родителите на загинатите излегоа лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, и неколкумина негови сопартијци пратеници, како и пратеници од партијата Левица. Кога Филипче им објасни дека институционално во Собранието се борат за неселективна правда, родителите на загинатите им рекоа да си депонираат оставки од функциите кај претседателот на Собранието оти нивната борба личи на борба во себе. Ги потсетија пратениците на СДСМ дека се многу поборбени кога се борат за да дојдат на власт, па прават шарени и какви ли уште не револуции.
Македонија
Обвинителите се сретнаа со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Јавниот обвинител и тимот обвинители што постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите oд трагедијата.
Од Обвинителството, по средбата, соопштија дека семејствата биле информирани за досегашниот тек на истражната постапка.
„Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан“, велат од Обвинителството.
На семејствата им била најавена и динамиката на претстојните распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес.
Македонија
Тошковски ќе се сретне со семејствата на загинатите во Кочани, Мицевски вели: Нема простор за политичко профитерство

Денес, на 46-тата собраниска седница, на која се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски, од собраниската говорница се обрати и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
„Побарав процедурално бидејќи сакав накусо да се обратам до сите пратеници, но и до целата македонска јавност. Нема да ги дозволиме политичките профитери од опозицијата да ја злоупотребат, вулгализираат и да ја пренесат на улица трагедијата од Кочани и да си поигруваат со тажната судбина на овие луѓе“, изјави Мицевски.
Тој истакна и дека единственото решение е институционално и брзо решавање на случајот и ја информира јавноста дека денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе ги прими семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани.
„Единственото решение е институционално и брзо решавање на овој случај. За тоа работиме, за тоа се залагаме. Сè друго е политичко некрофилство. Имено, ја информирам јавноста и вас пратениците дека министерот за внатрешни Панче Тошковски во 14.30 часот во Министерството ќе ги прими и ќе оствари средба со семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани. Од овие причини барам 1 час пауза. А потоа ќе продолжиме со работа по интерпелацијата за која очигледно не ви е гајле бидејќи тој што ја поднесе прв замина и не е присутен на оваа пленарна седница“, прецизира Мицевски.