Македонија
„Копиле, дај го ваму“ – нова снимка за крвавиот напад на Села
На денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села беше емитувана нова снимка од нападот во прес-центарот во Собранието на која се гледа како обвинетиот Александар Јаневски – Тошта прашува некој од толпата граѓани „кој, кој” по што заедно со обвинетиот Никола Војминовски го извлекуваат Села од аголот каде што се пратениците. Притоа се слушаат извици кои се однесуваат на лидерот на Алијансата на Албанците: „Копиле, дај го ваму”.
Од снимката може да се види како по извлекувањето на Села следува крвнички напад со удари од повеќе лица со раце, нозе и тастатура кон него, по што тој паѓа на земја и не покажува знаци на живот, односно не се брани. Но, сепак, ударите кон Села, кој во тој момент е со лицето свртен надолу, не престануваат.
Обвинителството посочи дека додека траела целата ситуација, присутни се обвинетите Коста Делов,Александар Јаневски, Оливер Ошавковски, Никола Војминовски. Судијката која го води случајот, Славица Андреевска даде половина час пауза. На еден од обвинетите му се слоши.
За обидот за убиство на Зијадин Села кој се случи на 27 април минатата година при упадот во Собранието, се обвинети Оливер Ошавковски, Александар Јаневски – Тошта, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цејо Ѓоргиевски. На почетокот на судскиот процес, обвинетите се изјаснија за невини.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ очекува над 20 пратеници: „Имаме повеќе од 30.000 гласови предност пред опозицијата“
Од 50 отсто изборјано гласачки ливчиња, имаме над 30.000 гласови разлика пред „Вреди“, изјави Шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт, Арбр Адеми.
„Речиси во сите општини сме во предност: Дебар 2:1, Струга повече од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. ВО предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково“, изјави Адеми.
Како што рече, се потврдува дека Европскиот фронт ќе стигне до над 20 пратеници.
Според резултатите објавени на страната на ДИК, од досега пребројаните гласови, Европскиот фронт на ДУИ освоил 90.151 или 16,59 отсто, додека Влен има 73.893 гласа или 13,60 проценти.
Македонија
Левица: Имаше нерегуларности, бугарски воз, притисоци од сегашната власт и закани за отпуштање по изборите од опозицијата
Партијата Левица вечерва по затворањето на гласачите места обвини за низа нерегуларности за време на гласањето, но и покрај тоа очекува позитивен резултат од изборите. Портпаролот Амар Мециновиќ обвини за ситуации со бугарски воз, попречено гласање, притисоци од сегашната власт но и закани за отпуштања од работа по изборите од сегашната опозиција.
„Денеска видовме дека имаше многу недоследности и неправилности во текот на целиот ден. Лица што требаше да гласаат како болни и изнемоштени вчера не можеа да гласаат. Денеска имаше ситуации на бугарски возови, имаше ситуации во кои имаше изборен материјал до изборните места и имаше ситуации каде што гласањето беше попречено на моменти. Од друга страна во текот на денот забележавме и дека структури блиски до сегашната власт вршеа притисок на наши активисти и на наши истакнати членови, додека, од друга страна, и најголемата опозициска партија го вршеше овој притисок. Дури се одеше до таму да се заканува со отпуштања по изборите“, рече портпаролот Мециновиќ.
Тој потенцираше дека денес пратеници на ВМРО – ДПМНЕ еклатантно лажеле дека Левица повикува на бојкот.
„Левица веќе два дена повикуваше на одѕив. Медиумите блиски на ВМРО-ДПМНЕ констатираа дека Левица не излегла да гласа. Тоа е лага. Ние повикуваме на гласање. Ние сме најголем непријател на оваа власт која сега си заминува. Го поздравуваме одењето на власт и очекуваме позитивен резултат“, нагласи Мециновиќ.
Од нешто повеќе од половина обработени избирачи, според податоците на Државната изборна комисија, Левица добила 31.012 гласови или 6,44 отсто од досега пребројаните гласови.
Македонија
Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто
Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти СДСМ со 46.385 гласови или 12, 51 отсто.
Коалицијата „Европски фронт“ има 19,37 отсто, односно 71.786 гласа, а Влен 60.779 (16,40 отсто).
Левица, според податоците има 22,050 гласови (5,95 отсто), а ЗНАМ 16.109 (4,35 отсто).
Резултатите постојано се ажурираат на веб страната на ДИК.