Македонија
Костадиновска: Онлајн настава следат 88 проценти од учениците

Денес онлајн наставата успешно без поголеми потешкотии ја следат околу 88 проценти од учениците и оваа бројка од почетокот на учебната година до сега е зголемена за 18 отсто, истакна на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска.
Пратеничката оцени дека секојдневно се докажува оти комбинираниот модел бил повеќе од потребен, а онлајн наставата апсолутно потребна и неизбежна.
„Важно е да се истакне дека во моментот во околу 600 училишни објекти во државата се одвива настава со физичко присуство, под строго утврдени протоколи и алгоритми. Учениците и наставниот кадар кои се вклучени со физичко присуство во образовниот процес треба да продолжат доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од Ковид-19 и со тоа да го заштитат сопственото и јавното здравје. Најважно од сè е образовниот процес да тече непречено во услови на пандемија што не беше ни лесно да се обезбеди“, рече Костадиновска.
Како што додаде, пречките секојдневно се надминуваат, па се очекува наскоро сите ученици да имаат услови за следење на настават непречено, а учебната година да биде успешна и покрај пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.